Пештани (Охридско): Разлика помеѓу преработките

село во Општина Охрид
Избришана содржина Додадена содржина
Ev-la (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 10:54, 23 јануари 2006

Пештани

Пештани е сместено во подножјето на планината Галичица на источниот брег на Охридското езеро, 12 км јужно од градот Охрид, и се наоѓа на патот за Св. Наум.

Население

Пештани има 1 200 жители. Сите жители се од македонско етничко потекло, со православна христијанска вероисповед.

Стопанство

Во текот на вековите жителите на Пештани се занимавале со риболов и сточарство, но во последниве неколку децении овие стопански гранки се пред замирање.

Во денешно време, населението на Пештани е свртено кон развојот на туризмот и други сродни гранки. Добро се развиени услужните дејности: трговијата, угостителството, сообраќајот.