Виборг (Данска): Разлика помеѓу преработките

град во Данска
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница, интервики, изменета категоризација, додаден/изменет шаблон, илустрирање
(нема разлика)

Преработка од 20:36, 13 август 2012

Виборг е значаен град во Данска, поточно во северозападниот дел на државата. Градот е управителен центар на покрајната Средна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Виборг. Денес Виборг има околу 36.000 жители во градот и околу 93.000 жители во поширокото градско подрачје.

Виборг
Поглед на Виборг
Амблем на Виборг
Амблем
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: "Denmark" is not a valid name for a location map definitionЛокација во Данска
Координати: 56°27′N 9°24′E / 56.450° СГШ; 9.400° ИГД / 56.450; 9.400
Управа
 • ГрадоначалникSøren Pape Poulsen
Површина
 • Градска1.474,05 км2 (56,913 ми2)
Население (2007)
 • Градско91.405
 • Густина62,0/км2 (1,600/ми2)
 • Градскo34.522
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоhttp://www.viborg.dk/

Природни услови

Виборг се наоѓа во северозападниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен 320 километри северозападно.

Релјеф: Градот Виборг се наоѓа во северниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 10-45 метри.

Клима: Климата во Виборг е претежно умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Виборг се формирал во внатрешноста на Данска. Градот исто така нема излез на река, но во средиштето на градот се наоѓаат две мали езерца, Јужно и Северно езеро.

Историја

Подрачјето Виборг било населено уште во ремето на праисторијата. Се претпоставува дека населбата ја основале Викинзите, а прв пат населбата се споменува во 961 година. Од 1100 година се градски и градскиот соборен храм.

И поред И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население

Денес ВИборг има околу 36.000 жители во градските граници и околу 93.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Виборг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија

Надворешни врски