Разлика помеѓу преработките на „Петар II (Русија)“

Нема измена во големината ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
'''Петар II Алексеевиќ''' ([[руски јазик|руски]]: ''Пётр II Алексеевич'') бил император на [[Русија]] во периодот од [[1727]] до [[1730]] година. Починал на петнаесетгодишна возраст и неговото управѕвање со земјата било проследено со големото ривалство меѓу влијателните луѓе во царскиот дворец.
 
Петар Александрович бил единствениот син на [[Алексеј Петрович]], кој пак од сво[[јасвоја страна бил единствен син на императорот [[Петар Велики]]. Мајка му [[Шарлота фон Брауншвајг]] била сестра на омаженаата за Карло VI, цар на Светата Римска Империја. Три години по раѓањето на Петар Алексеевич татко му бил убиен по наредба на [[Петар Велики]], по што тој бил држен во изолација од дворот. Тоа продолжило и во управувањето на втората сопруга и наследничка на Петар I, [[Катерина I]].
 
Со помош на царицата Катерина I, Петар Алексеевич бил венчан за Марија, ќерката на највлијателниот политичар во дворот и близок пријател на Петар Велики, [[Александар Меншиков]]. По смртта на Катерина во [[1727]], со помош на Меншиков, кој го прибирал во својот дворец, Петар Алексеевич бил прогласен за император. Само неколку месеци подоцна, во [[септември]] [[1727]], Петар II, со подршка од својот учител [[Андреј Остерман]], го отстранил Меншиков од власта.