Катерина I (Русија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
'''Катерина I Алексевна''' ([[руски јазик|руски]]: ''Екатерина I Алексеевна''), родена Марта Скавронска, била втора сопруга на [[Петар Велики|Петар I Велики]] и императорка на [[Русија]] од [[1725]] до [[1727]]. Таа е првата жена која управувала како [[монарх]] во [[Руска империја|Руската империја]].
 
Во [[1724]] година, Катерина била официјално именувана како ко-владетелка.
 
Една година пред смртта на нејзиниот сопруг, односите помеѓу нив биле заладени главно поради нејзината подршка кон [[Вилијам Монс]], брат на поранешната љубовница на [[Петар Велики]], Ана. Монс имал функција на секретар кај императорката. Петар I во текот на целото негово управување се борел главно против корупцијата во неговата земја, но Катерина имала големо влијание врз него. Вилијам Монс и неговата сестра, која била во дворот на Катерина, започнале да ги злоупотребуваат своите високи функции. Ова го правеле кога се обидувале да осигурат достап на надворешни интереси до Катерина. И покрај тоа што Катерина не сакала ни да помисли на нивните интереси, Петар Велики успеал да го егзекутира на Монс, а неговата сестра била прогонета. Катерина и Петар немале никакви контакти во продолжение на повеќе месеци. Според некои, таа и Монс имале љубовна афера, но за тоа нема тврди докази. По смртта на Петар во [[1725]] година, тој не оставил никаков машки наследник. Катерина започнала да ги претставува интересите на аристократите, кои ја избрале за [[Список на руски владетели|нова императорка]] на Русија.
 
На [[8 февруари]] [[1726]] година бил формиран [[Врховен таен совет]], како орган на советници. Првично, советот имал шест членови за да подоцна неговиот број се зголеми на седум члена. Во текот на овој период, советот имал доминантна улога во управувањето на земјата, на чело со [[Александар Меншиков]], кој бил љубовник на императорката.
 
Катерина била првата жена која владеела со големата Руска империја. Таа го започнала векот во кој доминирале жените во руското благородништво, заедно со нејзината ќерка [[Елисавета (Русија)|Елисавета]] и внука [[Катерина II (Русија)|Катерина]].
 
Малку по смртта на Петар Велики, кон составот на руската армија која броела 130.000 луѓе, биле вклучени и 100.000 [[козаци]], која армија ја направила најголема во [[Европа]]. Но и покрај тоа, претходните војни биле погубни за руската економија, кои земале 65% од вкупните приходи на земјата. Бидејќи земјата во тоа време била во мир, Катерина ги намалила трошоците за армијата
 
{{Руски владетели}}