Разговор за Википедија:ВикиПроект Филм: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
[[/Архива 3]]
}}
 
== Реактивирање на проектот. ==
 
Пред речиси четири години проектот редовно работеше со што неколку членови дискутираа за статиите од оваа област. Главна активност беше пишување и предложување на статии за филмскиот портал. По некоја мала заинтересираност решивме да го реактивираме проектот. Денес - '''12.08.2012''' е официјално првиот ден на новата работа.
 
Од искуство знам дека целата Википедија има малку членови и мала активност, проектите за жал спаѓаат во таа категорија. Сакам да го смениме тоа и поредовно да работиме и одвреме-навреме тука дискутираме. Ја реновирав целата проектна страница со сите потребни работи:
 
Од цели до план за работа. Има и предложени награди за стимул. Поттикнувам редовно доделување на награди и пофалби, но со мера. Најголема новост на целата Википедија е воведување на Административен одбор. Ќе прочитате што тоа значи. Се решив за овој потег бидејќи сметам дека е подобар за организирање. Но се уште е во тест-фаза, ако видам неактивност целиот одбор ќе претрпи промени (најверојатно ќе се сведе на две позиции) и ако дури и тогаш не функционира во тој случај ќе го исфрлиме целосно. '''''Ве молам да прочитате се на главната проектна страница и да се запознаете со сите новости.'''''
 
Мој предлог за почеток е мало средување и правење план за работа со приоритетни цели. Сметам дека порталот е непотребен, барем не по неколку месеци работа и доста статии зад нас. Тој план нема да биде „итен“. Што значи нема да се врши притисок да се заврши, но сепак постепено секој од членовите да се зафати за една од задачите. Пополека и трпеливо да ги средиме статиите за филм.
 
Предложив корисникот Brainmachine да го води проектот, но бидејќи е администратор и има повеќе обврски функцијата на Координатор ќе падне на мене. Останатите фунцкии треба да ги средиме што побрзо. Доколку некој смета дека посоодветен за мојата функција нека каже. Ќе повторам дека одборот нема никаква хиеархија и дека сите сме еднакви во духот на Википедија. Одборот постои само за подобра организација.
 
Како тој што го реактивира проектот и еден од најактивните во минатиот „циклус“ сметам дека за почеток јас сум најсоодветен за Координатор.
 
Слободно дадете ги вашите коментари и идеии за почеток и откако ќе ги средиме формалностите ќе го предложам првиот план за работа.
 
Добре дојдовте назад! [[Корисник:SmartM&amp;M|Макс]]<sup>([[Разговор со корисник:SmartM&amp;M|разговор]])</sup> 17:39, 12 август 2012 (CEST)
Назад на проектната страница „ВикиПроект Филм“.