Разлика помеѓу преработките на „Свети Никола“

Одземени 5 бајти ,  пред 8 години
с
r2.7.3) (Робот: Додава nn:Den heilage Nikolas; козметички промени
с (r2.7.2+) (Робот: Менува vi:Nicôla thành Myra)
с (r2.7.3) (Робот: Додава nn:Den heilage Nikolas; козметички промени)
Свети Никола е роден е во [[Патара]], [[Ликија]], [[Мала Азија]] околу [[270]] година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на [[Свето Писмо|Светото Писмо]].
 
Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во [[манастир|манастирот]]от ''Нов Сион''. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. [[христијанство|Христијаните]] веруваат дека му се јавил гласот на [[Господ]] кој му рекол: „''Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака''“ (Матеј 6, 3). Набргу потоа бил избран за архиепископ на градот [[Мира]], денешна [[Турција]].
 
Во времето на царот [[Диоклецијан]] и [[Максимијан]], кога христијанското население било прогонувано, мачено и затварано, истото му се случило и нему. Со доаѓањето на власт на [[Константин I Велики]], престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време добиле и рамноправно место во [[Римско Царство|Римското Царство]]. Присуствувал на [[Прв вселенски собор|Првиот вселенски собор]] во [[Никеја]], каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј. По ова, тој бил оптужен за [[ерес]], бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на [[Бог]] на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.
== Пренос на моштите ==
 
На [[26 август]] [[1071]] година [[Византија]] на чело со Роман IV (владеел во периодот од 1068 - 1071 година) била поразена во [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]] во [[Мала Азија]], со [[селџуци|селџуците]]те предводени од султанот [[Алп Арслан]]. Битката завршила со пораз на византијците а Роман IV бил заробен. После оваа битка Византија привремено ја губи контролата врз поголемиот дел од Мала Азија. Византијците ја повратиле на кратко контролата врз Мала Азија за време на [[Алексеј I Комнин]].
 
Во тоа конфузно време некои морнари од Бари ги земале моштите на светецот од неговиот гроб во дворот на црквата во Мира и покрај негодувањата на тамошните православни монаси. Моштите биле пренесени во Бари на [[9 мај]] [[1087]] година, каде се наоѓаат и ден денес. Постојат повеќе верзии за овој настан. Според некои кажувања одземањето на моштите било сметано како грабеж, според некои кажувања моштите биле земени откако Свети Никола се јавил на сон на некој свештеник од [[Бари]] и му наредил неговите мошти да бидат пренесени во [[Бари]], [[Италија]], кој во тоа време бил православен град под православен патријарх. Со текот на времето, делови од моштите биле разнесувани низ целиот свет. Денес во Бари постојат две цркви во негова чест, една католичка една православна.
[[ja:ミラのニコラオス]]
[[no:Nikolas av Myra]]
[[nn:Den heilage Nikolas]]
[[nrm:Saint Nic'lesse]]
[[pms:Nicòla ëd Myra]]