Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Селска чешма“

::'''Одговор за Wikimk:''' Не гледам јас дека се споменуваат некои правила на гласање, што значи дека гласањето може да се смета за неважечко. Не се наведува колку време трае гласањето, кој може да гласа, какво мнозинство е потребно, кои гласови се сметаат за важечки и сл. Освен тоа, правилото коешто го посочувам е едно од основните правила на Википедија, а не нешто коешто се уредува за конкретни гласања. Тоа е исто како што си постои правило за [[Википедија:Учтивост|учтивост]]. Не значи дека не е фер ако не се споменува ова правило и секој може да биде неучтив во своите коментари во гласањето.
::'''Одговор за United:''' Според правилото за важечки се сметаат оние гласови коишто го објаснуваат ставот на корисникот којшто гласал. Целта не е да се надгласа некој предлог, туку да се соберат различни мислења врз основа на коишто понатаму ќе се донесе одлука. Во голем број случаи се има случено да се изгласа нешто коешто содржи елементи од повеќе предлози. Исто така, ова правило си постои уште од создавањето на Википедија и, се разибира, не е нешто коешто води кон фаворизирање на одредена група или предлог.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 12:39, 7 август 2012 (CEST)
 
Именувањето на статиите треба да го преферира она што најголемиот број зборувачи на македонски јазик би го најлесно препознале. Википедија ја определува познатоста на името преку гледање како веродостојните извори на македонски јазик ја нарекуваат темата. Овие две реченици се извадок од [[ВП:СТИЛ|прирачникот за стил]] и јас уште сметам дека тие претставуваат добро напатствие. Бидете искрени: како говорите вие лично? Дали по дома, на училиште, работа или било каде велите „сметач“ за направата на која го читате овој текст? Дали сте слушнале некој некогаш во разговор да употреби „сметач“? Јас сигурно не. Отидете во AMC и прашајте ги дали имаат „програмска опрема“ за „Прозорци 7“. Или дали продаваат „мрежни преносни сметачи“ и каква „машинска опрема“ тие имаат. Да се обложиме дека ќе ве изгледаат чудно! Дали со прво читање веднаш сфативте што значи ''„мрежен преносен сметач“''? А, ''„плочест личен сметач“''? Мора да признаете: ова <u>не</u> е она што најголемиот број зборувачи на македонски јазик би го најлесно препознале!
 
Преводите кои моментално се користат не се потврдени со веродостојни извори. Иако со добри намери, тие се своерачно истражени и преведени. Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинални мисли: сиот материјал во енциклопедијата мора да биде препишан на веродостојни објавени извори. Запомнете, едно од трите основни начела за содржина на Википедија е [[ВП:БОИ|без свои истражувања]].
 
Заради нашата нестручност, некои од овие добронамерни преводи би довеле до грешки кои се очигледни за луѓе стручни во таа област. За ова важи примерот кој United го наведе со ''процесор/обработувач'' и примерот со ''deadlock/блокада/застој/ќорсокак'', а сигурно постојат и многу други. Википедија е наменета за широка читателска публика, но не смееме да заборавиме и дека нудиме информации и за стручните лица. Со грешки за кои најверојатно не сме свесни, ја губиме оваа читателска публика и го нарушуваме репутацијата на енциклопедијата („...може да предизвикаат револт и неприфаќање, а кај неупатениот во областа збунување.“). Коментарите што ги добиваме се доказ дека тоа е нешто што навистина се случува.
 
Не можеме да ја вртиме работава на овој начин: користиме веродостојни извори (Поимникот) за едни поими, а за оние кои не ни се допаѓаат и сметаме дека не одговараат, ги исклучуваме изворите и си заземаме свој, оригинален став (и со тоа ги кршиме и [[ВП:НГТ]] и [[ВП:БОИ]]). Затоа, според мене, прифаќањето на овие поими е кршење на овие најосновни правила кои сите мораме да ги почитуваме.
 
Овде не станува збор за заштита на јазикот, тука за нашата принципиелност кон почитувањето на правилата. Ние <u>не смееме</u> да дојдеме во позиција <u>да се договараме</u> за тоа што да оди во статиите! Да претпоставиме дека го правиме токму тоа: дека мнозинството гласачи одлучат да продолжиме со овие поими. Тогаш, во иднина, одредени групи на уредувачи би можеле да изгласаат ширење на било каква гледна точка за било кое прашање во иднина, без разлика дали таа гледна точка е [[Википедија:Проверливост|проверлива]]!
 
На пример, во иднина, можеби јас или некој друг ќе утврдиме дека ставот на мнозинството во било која област е погрешниот, а дека оној кој ќе го изнесеме е вистинскиот. Можеби ќе разберете зошто сум во право, зошто е прашањето важно и можеби ќе дадам добри аргументи за својот став, иако ќе немам докази од извори за да ги потврдам. Јас ќе ги направам сите потребни измени на информациите во енциклопедијата за да го истакнам тој став, а оној другиот, на мнозинството, да го маргинализирам. Така, ќе добиеме енциклопедија која не е неутрална и која нуди свои истражувања. Секако, ако останатите администратори не ја следат ситуацијата или, пак, се сложат со мене, никој нема да ме спречи, а јас ќе успеам во мојата цел. Правилата, сега за сега, постојат за да штитат од вакви ситуации. Ако одлучиме ги почитуваме, важно е да бидеме принципиелни и да не правиме исклучоци. Според тоа, тие треба да се почитуваат дури и кога никој не ја оспорува содржината, а особено кога таа е оспорувана, како што е во овој случај.
 
Ние ја имаме слободата да одлучиме како ќе се однесуваме. Дали ќе создаваме:
# Неутрална и проверлива енциклопедија за секоја тема;
# Енциклопедија која е случајно неутрална и проверлива за најголемиот број на теми, но за одредени теми, ние ја имаме слободата да избереме што да напишеме за да го промовираме она што сметаме дека е најдобро.
 
Можеме да инсистираме на втората опција и да се договориме да ги задржиме поимите за доброто на јазикот, што е океј. Што и да избереме, едно нека ви е јасно: <u>јас нема да дозволам двојни стандарди</u>. Ако го избереме второто, нема да бидеме лицемерни и да тврдиме дека ние, овде, имаме некакви правила, па затоа јас ќе ги избришам сите начела и напатствија, а понатаму ќе продолжиме да го користиме овој модел за одлучување на тоа што да стои во статиите. --[[Корисник:Brainmachine|Brainmachine]] ([[Разговор со корисник:Brainmachine|разговор]]) 17:50, 7 август 2012 (CEST)
 
== ВикиПроект Филм ==