Историја на Советскиот Сојуз (1964–1982): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 29:
 
На седмата посебна седница на Врховниот Совет на СССР која била одржана на [[7 октомври]] [[1977]] година бил донесен едногласно новиот устав на СССР. Во преамбулата стоело дека целите на диктатурата на пролетаријатот биле исполнети и дека советската држава станала држава на целиот народ. Исто како и сите претходни верзии на Советскиот Устав, уставот од 1977 година го задржал правото на советските републики да се отцепат од Унијата. Оваа одредба подоцна одиграла важна улога во распаѓањето на Советскиот Сојуз.
 
== Доцни години ==
 
Во неговите подоцнежни години, Брежнев го развил својот сопствен култ на личноста{{sfn|Service|2009|p=403}}. Брежнев бил награден со Ленинската награда за литература. Овие награди биле доделени на Брежњев за да ја зајакне својата позиција во рамките на партија и на Политбирото{{sfn|Brown|2009|p=405}}. Кога Алексеј Косигин починал на 18 декември 1980 година, еден ден пред роденденот на Брежнев, Правда и другите медиуми го одложиле известувањето за неговата смрт{{sfn|Service|2009|p=403}}. Во реалноста, сепак, физичките и интелектуалните капацитети на Брежнев започнале да опаѓаат во 1970-тите години поради неговото лошо здравје{{sfn|Brown|2009|p=398}}.
Брежнев ја одобрил советската интервенција во Авганистан исто онака како што претходно го одобри Варшавскиот пакт и инвазијата на Чехословачка. Неколку водечки членови на советското раководство одлучиле да го задржат Брежнев како генерален секретар, така што нивните кариери нема да страдаат од можна реконструкција на кабинетот од страна на неговиот наследник. Другите членови, кои не го сакаа Брежнев, меѓу нив и Дмитриј Устинов (Министер за одбрана), Андреј Громико (министер за надворешни работи), и Михаил Суслов (секретар на Централниот комитет), стравувале дека отстранувањето на Брежнев ќе предизвика голема криза, и така тие помогнале да се одржува статус кво{{sfn|Service|2009|p=404}}.
Брежнев останал на својата позиција под притисок на некои од неговите соработници во Политбирото, иако во пракса земјата не била управувана од Брежнев, туку од колективното раководство предводено од Суслов, Устинов, Громико, и Јуриј Андропов. Константин Черненко, поради неговите блиски односи со Брежнев, исто така стекнал влијание. Додека Политбирото размислувало за наследникот на Брежнев, неговото здравје продолжило да се влошува. Изборот на наследник би било под влијание на Суслов, но бидејќи тој починал во јануари 1982 година, пред Брежнев, Андропов се покажал како главна фигура во идниот избор. На 10 ноември 1982 година Брежнев починал. Тој бил погребан на 15 ноември 1982 година во нерополата на [[Кремљски ѕидини|Кремљските ѕидини]]{{sfn|Service|2009|p=426}}.
 
== Наводи ==