Разлика помеѓу преработките на „Историја на Советскиот Сојуз (1964–1982)“

нема опис на уредувањето
 
Колективно раководство најпрвин си поставило за цел да се стабилизира Советскиот Сојуз и мирното советското општество. Покрај тоа, тие се обиделе да го забрзаат економскиот раст, кој бил забавен значително во текот на последните години на Хрушчов како владетел. Во [[1965]] година Косигин иницирал неколку реформи за децентрализација на советската економија. По првичниот успех во создавањето на економски раст, тврдокорните струи во партијата ги стопирале реформите, плашејќи се дека со тоа ќе се ослабне престижот и силата на партијата. Економскиот раст започнал да стагнира во почетокот на 1970-тите. По смртта на Брежнев во 1982 година настапил периодот на уште еден мал економски раст на советската економија, по кое следувало конечното распаѓање на земјата.
 
== Колектино лидерство ==
 
По подолга борба за власт{{sfn|Baylis|1989|p=97}}, Хрушчов конечно бил соборен од функцијата прв секретар во октомври 1964 година, обвинет за неуспехот на неговите реформи, неговата опсесивна реорганизација на Партијата и владиниот апарат, неговото непочитување на партија и владините институции, и неговиот надмоќен стил на лидерство{{sfn|Service|2009|p=375}}. Президиумот (Политбирото), Централниот комитет и други важни партиски и владини тела биле уморни од повторувањето на грешките на Хрушчов. Советското раководство, исто така, верувало дека неговиот индивидуален стил на лидерство било спротивно на едно идеално колективно раководство{{sfn|Baylis|1989|p=97}}. Леонид Брежнев и Алексеј Косигин успеале да го симнат од власт на Хрушчов, како прв секретар и Премиер на земјата,. На Михаил Суслов, Андреј Кириленко и Анастас Микојан (во 1965 година бил заменет од страна на Николај Подгрониј), исто така им биле доделени дадени значакни функции во новото раководство. Заедно тие го формирале колективното раководство{{sfn|Cocks|Daniels|Heer|1997|pp=56–57}}.
Колективното раководство во своите рани фази, обично се нарекувало како Брежнево-Косигинско раководството {{sfn|Bacon|Sandle|2002|p=54}}. По иницирањето на економските реформи од 1965 година од страна на Косигин, неговиот престиж во рамките на советското раководство застанало и неговото губење на моќта било проследено со јакнење на позицијата Брежнев во рамките на советската хиерархија{{sfn|Brown|2009|p=403}}. Влијанието на Косигин дополнително се намалило кога Подгорниј станал втора најголема фигура во Советскиот Сојуз{{sfn|Daniels|1998|p=36}}.
Брежнев уште во 1970 година направил заговор за соборување на Подгрониј од колективното раководство. Причината била едноставна: Брежнев бил трет, додека Подгрониј бил прв во рангирањето на советскиот дипломатски протокол. Отстранувањето на Подгрониј би го направил Брежнев шеф на државата, и неговата политичка моќ би се зголемила значително. За голем дел од тој период, сепак, Брежнев не бил во можност да го отстрани, затоа што тој не можел да смета на доволно гласови во Политбирото, со оглед на тоа што отстранувањето на Подгрониј би значело слабеење на моќта и престижот на колективното раководство. Подгрониј продолжил да се здобива со поголема моќ како шеф на државата во текот на раните 1970-ти, поради либералниот став на Брежњев за Југославија и неговите разговори за разоружување со некои западни земји, политики кои голем дел од советските официјални претставници ги виделе како спротивни на комунистичките принципи.<ref>{{cite news| author=|url=http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,877509,00.html | title = Soviet Union: Whoa, Comrade Brezhnev | work = [[Time (magazine)|Time]] | language = | date= 6 December 1971 | accessdate = 14 February 2011 | page = 1 }}</ref>. Брежнев ја зајакнал својата позиција значително во текот на раните до средината на 1970-тите години во рамките на раководството на партијата и по слабеењето на фракцијата на Косигин. Од 1977 тој имал доволно поддршка во Политбирото за соборување на Подгрониј од канцеларија и активната политика во целина{{sfn|Brown|2009|p=402}}