Разлика помеѓу преработките на „Историја на Советскиот Сојуз (1964–1982)“

нема опис на уредувањето
'''Историјата на Советскиот Сојуз во периодот од 1964 до 1982''' година го опфаќа периодот од владеењето на [[Леонид Брежнев]]. Поради ова, овој период е познат и како ''ерата на Брежнев''. Овој период започнал со голем раст во економијата но завршил со голема социјална, политичка и економска стагнација. Главна причина за оваа стагнација била поради фактот што голем дел од економските реформи никогаш не биле целосно извршени.
 
[[Никита Хрушчов]] бил соборен како прв [[Генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот сојуз |секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз]], како и претседателот на Советот на министри, поради неговите реформи кои не успееле и непочитување на партија и државните институции во октомври [[1964]] година. Брежнев го заменил Хрушчов како прв секретар и [[Алексеј Косигин]] го заменил како претседавач на Советот на министри. [[Анастас Микојан]], а подоцна и [[Николај Подгорни Подгорниј]], станале претседатели на Президиумот на Врховниот Совет. Заедно со [[Андреј Кириленко]] како организациски секретар, и [[Михаил Суслов]] како главен идеолог, тие го основале колективното раководство, кои разлики во формата со автократија го карактеризирале владеењето на [[Никита Хрушчов]].