Распад на Советскиот Сојуз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 43:
==1991==
 
На [[17 март]] 1991 година во земјата се одржал референдум за зачувување на заедничката држава - 77% од гласачите го поддржиле предлогот за "обновена федерација на суверените републики", но Ерменија, Естонија, Литванија, Латвија и Молдавија го бојкотирале референдумот.
Во пролетта и летото на 1991 година претседателот и претставниците на 9 републики подготвиле сојузен договор, според кој ќе се внесе демократијата во рамките на суверените држави. Декларацијата за формирање на новата федерација била подготвена од деветте лидери и претседателот на 25 април 1991 година. Потпишувањето на Договорот за основање на Заедница на независни држави било предвидено за [[20 август]] [[1991]] година. Следниот ден се очекувало откривање на седницата на Советот на федерацијата, кој требало да донесе решение за радикализација на реформите и решавање на актуелните економски проблеми.
 
Во пролетта и летото на [[1991]] година претседателот и претставниците на 9 републики подготвиле сојузен договор, според кој ќе се внесе демократијата во рамките на суверените држави. Декларацијата за формирање на новата федерација била подготвена од деветте лидери и претседателот на 25 април 1991 година. Потпишувањето на Договорот за основање на Заедница на независни држави било предвидено за [[20 август]] [[1991]] година. Следниот ден се очекувало откривање на седницата на Советот на федерацијата, кој требало да донесе решение за радикализација на реформите и решавање на актуелните економски проблеми.
 
Во меѓувреме, сепак конзервативните сили во раководството на СССР на 19 август 1991 година направиле [[Августовски државен удар|обид за државен удар]]. Горбачов, кој е на одмор на брегот на Црно Море, бил уапсен и била прогласена вонредна состојба. Во овој момент на преден план на советската политичка сцена излегол Борис Елцин, претседателот на РСФСР. Тој ги презел настаните во свои раце и ги обединил сите противници на обновата на стариот политички систем.