Распад на Советскиот Сојуз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
==1991==
 
Во пролетта и летото на 1991 година претседателот и претставниците на 9 републики подготвиле сојузен договор, според кој ќе се внесе демократијата во рамките на суверените држави. Декларацијата за формирање на новата федерација била подготвена од деветте лидери и претседателот на 25 април 1991 година. Потпишувањето на Договорот за основање на Заедница на независни држави било предвидено за [[20 август]] [[1991]] година. Следниот ден се очекувало откривање на седницата на Советот на федерацијата, кој требало да донесе решение за радикализација на реформите и решавање на актуелните економски проблеми.
 
Во меѓувреме, сепак конзервативните сили во раководството на СССР на 19 август 1991 година направиле [[Августовски државен удар|обид за државен удар]]. Горбачов, кој е на одмор на брегот на Црно Море, бил уапсен и била прогласена вонредна состојба. Во овој момент на преден план на советската политичка сцена излегол Борис Елцин, претседателот на РСФСР. Тој ги презел настаните во свои раце и ги обединил сите противници на обновата на стариот политички систем.
 
На 23 август 1991 г. Елцин издал указ за забрана на КПСС.
 
На 9 декември во Москва се одвила средба меѓу Горбачов и Елцин на која Елцин му кажал на Горбачов дека сојузот повеќе во пракса не постои и дека тој треба да си поднесе оставка. На 23 декември двајцата се сретнале за да разговараат околу начинот на предавањето на власта. Така, по два дена, на 25 декември Горбачов официјално подал оставка преку своето обраќање на нацијата кое било предавано преку советската телевизија.
 
== Наводи ==