Распад на Советскиот Сојуз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
 
На 26 март 1989 година биле спроведени првите избори по 1917 година, каде граѓаните можеле да избираар меѓу повеќе од еден кандидат за пратеничко место. Во текот на овие избори Горбачов се соочил со две главни тешкотии. Првата била поврзана со појавата на внатрепартиска опозиција, која инсистирала за радикални реформи и воведување на принципите на демократијата и повеќепартиски систем. Оваа опозиција била предводена од [[Борис Елцин]], шеф на Московската партиска организација кој на изборите добил значителна поддршка. Другата тежина од политичка природа, со која се соочил советскиот лидер, е појавата во редовите на највисоката партиска номенклатура на група која барала умерени реформи. Таа група била предводена од [[Егор Лигачов]] и била на мислење дека курсот на промени го загрозувал интегритетот на државата. Постоел и круг на приврзаниците на традиционалниот советски систем.
 
На 7 март била објавена конечната листа на кандидати. Околу 85% од нив биле членови на Комунистичката партија. Од независните најголема популарност стекнал Борис Елцин.
 
Првата седница на новиот Конгрес на пратениците траел од 25 мај до 9 јуни 1989 година. Иако тврдокорните струи ја повратиле контролата на комората, реформистите го користиле законодавниот дом како платформа да се дебатира и критикува советскиот систем. На 29 мај, Елцин успеал да обезбеди место во Врховниот Совет,<ref>{{cite news| url=http://www.nytimes.com/1989/05/30/world/moscow-maverick-in-shift-is-seated-in-supreme-soviet.html?scp=14&sq=SOVIET+CONGRESS+session&st=nyt | work=The New York Times | first=Bill | last=Keller | title=MOSCOW MAVERICK, IN SHIFT, IS SEATED IN SUPREME SOVIET | date=May 30, 1989}}</ref>, и во текот на летото ја формирал првата опозиција која била составена од руските националисти и либерали.
 
Успехот на Елцин и неговото движење на изборите дополнително ги заостриле критиките на реакционерот и ги зајакниле неговите позиции во КПСС. Така поделбата во партијата и општеството се продлабочувало. На [[12 јуни]] [[1990]] година Парламентот на Руската Федерација прифатил Декларацијата за суверенитетот на Русија. Со овој потег [[Борис Елцин]], кој во меѓувреме бил избран за претседател на Русија, се обидел да се ослободи од контролата на Горбачов и на советските органи.