Разлика помеѓу преработките на „Распад на Советскиот Сојуз“

 
Пресвртница во историјата на Советскиот сојуз е Декларацијата за суверенитетот на Русија од 12 јуни 1990 година. По објавувањето на рускиот суверенитет процесот на распаѓање на СССР станал реалност. На 20 јуни Узбекистан објавил независност, на 23 јуни тоа го направила и Молдавија, на 16 јули - Украина, на 27 јули - и Белорусија. Процесот продолжил - на 23 август Ерменија, на 30 октомври Казахстан, а на 12 ноември - Киргистан. Горбачов изразил принципиелна согласност со изјавите на републиките за суверенитет, но ја бранел тезата за зачувување на заедничката држава. На 17 март 1991 година во земјата се одржал референдум за зачувување на заедничката држава - 77% од гласачите го поддржиле предлогот за "обновена федерација на суверените републики", но Ерменија, Естонија, Литванија, Латвија и Молдавија го бојкотирале референдумот.
 
==1991==
 
Во пролетта и летото на 1991 година претседателот и претставниците на 9 републики подготвиле сојузен договор, според кој ќе се внесе демократијата во рамките на суверените држави. Декларацијата за формирање на новата федерација била подготвена од деветте лидери и претседателот на 25 април 1991 година. Потпишувањето на Договорот за основање на Заедница на независни држави било предвидено за 20 август 1991 година. Следниот ден се очекувало откривање на седницата на Советот на федерацијата, кој требало да донесе решение за радикализација на реформите и решавање на актуелните економски проблеми.
 
== Наводи ==