Историја на Советскиот Сојуз (1953–1964): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7:
Берија, и покрај неговото досие, како дел од теророт на Сталин, започнал период на релативната либерализација, вклучувајќи го и ослободувањето на некои политички затвореници. Раководството на партијата исто така започнало и критички да настапува пред јавноста велејќи дека диктатурата на Сталин биле оддалечување од оние на [[Ленин]]. Берија накратко бил дел од владејачката тројка со Маленков и [[Вјачеслав Молотов]]. Меѓутоа, во истата година тој бил уапсен и погубен од страна на неговите политички ривали. Главната причина за погубувањето било наводната шпионажа на Берија во корист на западните земји, извршување саботажа и заговор за враќање на капитализмот. Тајната полиција во текотна овој период била разоружана и реорганизирана во [[КГБ]], со цел нејзините членови целосно ќе бидат под контрола на партијата и никогаш повторно нема да имаат можност да вршат масовен терор. По смртта на Берија, Хрушчов набргу станал клучна фигура во земјата.
 
Во текот на овој период биле амнестирани голем број на затвореници а бил ставен крај и на принудната работа (населението во [[Гулаг]] се намалил од 13 милиони во 1953 на 5.000.000 во 1956-1957). На затворената седница на [[20-ти конгрес на КПСС|Дваесетиот конгрес на КПСС]] кој се одржал на [[25 февруари]] [[1956]] година, Хрушчов ги шокирал неговите слушатели кога го осудил диктаторскиот режим на [[Сталин]] и неговиот култ на личноста<ref name="CNN Khrushchev">{{цитирана веб страница|work=CNN|url=http://www.cnn.com/SPECIALS/cold.war/kbank/profiles/khrushchev/|title=Nikita Sergeyevich Khrushchev|accessdate=2007-07-22}}</ref>. Тој исто така ги нападнал и оние кои извршиле безброј злосторства кои биле блиски соработници на Сталин. Хрушчов се залагал за конкуренција со западот отколку за деректното непријателство кое владеело претходно. Тој навел дека капитализмот ќе се распадне внатрешно и дека соцјализмот во тие земји ќе триумфира на мирен начин. Но тој исто така изјавил и дека доколку капиталистичките земји имаат желба за војна, Советскиот сојуз би одговорил на ист начин.
 
Некои критики на советското општество биле толерирани, а уметниците повеќе не чекале одобрение од властите за иницирање на некаква нивна идеја. Од друга страна пак била вратена агресивната политика кон религијата, каде биле затворени голем број на верски објекти.
Ред 16:
 
Во ноември 1956 година избувнала [[Унгарска револуција (1956)|Унгарската револуција]]. Унгарското востание било брутално задушено од страна на советските војници. Најмалку 2.500 луѓе биле убиени, а 13.000 биле повредени од страна на Унгарците. Следната година Хрушчов ја поразил т.н. Анти-партиска група која направила обид да го отстрани од власта. Маленков по настанот бил испратен да раководи со Казахстан, а Молотов бил направен амбасадор во Монголија.
 
== Реформи ==
 
Веднаш по конгресот, Хрушчов започнал да воведува големи реформи. Сталиновата ориентација кон тешката индустрија ја пренасочил кон производство на добра за широка потрошувачка и станбените објекти. Новите реформи довеле до подобрување на [[животен стандард|животниот стандард]] на населението, и ова е периодот во кој советската економија бележи најголема стапка на пораст. Реформи имало и во правниот систем, и покрај тоа што целиот систем бил под контрола на Комунистичката партија, сепак интелектуалците се стекнале со поголема слобода за разлика од претходниот период.
 
И покрај големите напори на Хрушчов околу економскиот раст, сепак економскиот систем останал зависен од централните планови кои биле направени многу порано. Како развиена индустриска земја, властите на Советскиот сојуз биле соочени со проблеми поврзани околу поголемиот процент на инвестирање и поголемиот број на работна сила. Ова било многу потешко да се исполни, главно поради пренасочувањето на економската политика од [[тешка индустрија]] кон [[индустрија за широка потрошувачка]]. Во годините на управувањето на Хрушчов, сепак биле постигнати големи резултати на полето на индустријата. Така, била изградена првата нуклеарна електрана на светот, која во употреба била пуштена во [[1954]] година во близина на градот [[Обнинск]].
 
[[Советска вселенска програма|Советската вселенска програма]], со која раководел [[Сергеј Павлович Королов]] била исклучиво успешна. На [[4 октомври]] [[1957]] година бил пуштен во вселената првиот вештачки сателит наречен [[Спутник]]<ref name="NASA Sputnik">{{цитирана веб страница|work=NASA|url=http://history.nasa.gov/sputnik/|title=Sputnik and The Dawn of the Space Age|accessdate=2007-07-22|date=2007-01-19|author=Steve Garber|quote=History changed on 4 октомври, 1957, when the Soviet Union successfully launched Sputnik I. The world's first artificial satellite ...}}</ref>. На [[12 април]] [[1961]] година, [[Јуриј Гагарин]] станал првиот човек кој заминал во вселената со советскиот вселенски брод [[Восток 1]]<ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.guardian.co.uk/netnotes/article/0,,470879,00.html|title=Yuri Gagarin|work=Guardian Unlimited|quote=April 12 2001 is the fortieth anniversary of Yuri Gagarin's flight into space, the first time a human left the planet|author=Neil Perry|accessdate=2007-07-22|date=2001-04-12}}</ref>. Заедно со тоа, биле направени првите слики од вселената. [[Алексиј Леонов]] станал првиот човек кој претстојувал заштитен со скафандер во космичкиот простор надвор од космичкото летало за време на летот на вселенскиот брод [[Васход 2]]. [[Валентина Терешкова]] пак била првата жена која летала во вселената со вселенскиот брод [[Восток 6]].