Историја на Советскиот Сојуз (1953–1964): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Берија, и покрај неговото досие, како дел од теророт на Сталин, започнал период на релативната либерализација, вклучувајќи го и ослободувањето на некои политички затвореници. Раководството на партијата исто така започнало и критички да настапува пред јавноста велејќи дека диктатурата на Сталин биле оддалечување од оние на [[Ленин]]. Берија накратко бил дел од владејачката тројка со Маленков и [[Вјачеслав Молотов]]. Меѓутоа, во истата година тој бил уапсен и погубен од страна на неговите политички ривали. Главната причина за погубувањето било наводната шпионажа на Берија во корист на западните земји, извршување саботажа и заговор за враќање на капитализмот. Тајната полиција во текотна овој период била разоружана и реорганизирана во [[КГБ]], со цел нејзините членови целосно ќе бидат под контрола на партијата и никогаш повторно нема да имаат можност да вршат масовен терор. По смртта на Берија, Хрушчов набргу станал клучна фигура во земјата.
 
Во текот на овој период биле амнестирани голем број на затвореници а бил ставен крај и на принудната работа (населението во [[Гулаг]] се намалил од 13 милиони во 1953 на 5.000.000 во 1956-1957). На затворената седница на [[20-ти конгрес на КПСС|Дваесетиот конгрес на КПСС]] кој се одржал на [[25 февруари]] [[1956]] година, Хрушчов ги шокирал неговите слушатели кога го осудил диктаторскиот режим на [[Сталин]] и неговиот култ на личноста. Тој исто така ги нападнал и оние кои извршиле безброј злосторства кои биле блиски соработници на Сталин. Хрушчов се залагал за конкуренција со западот отколку за деректното непријателство кое владеело претходно. Тој навел дека капитализмот ќе се распадне внатрешно и дека соцјализмот во тие земји ќе триумфира на мирен начин. Но тој исто така изјавил и дека доколку капиталистичките земји имаат желба за војна, Советскиот сојуз би одговорил на ист начин.
 
Некои критики на советското општество биле толерирани, а уметниците повеќе не чекале одобрение од властите за иницирање на некаква нивна идеја. Од друга страна пак била вратена агресивната политика кон религијата, каде биле затворени голем број на верски објекти.