Привремена руска влада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 58:
 
Подемот на локалните, синдикалните и руралните организации, дало повод за демократизација на земјата. Голем дел од политичкиот кабинет на владата се залагале за зголемување на моќта на овие институции. Во голема мера се зајакнала и улогата на локалната власт во земјата. Рускиот историчар Мосе напишал дека овој период претставувал единствениот во модерната руска историја каде рускиот народ бил во можност да одигра значајна улога во формирањето на судбината на земјата<ref>Mosse, “Interlude: The Russian Provisional Government 1917,” 414</ref>. Синдикалните организации биле во подем и играле важна улога во претставувањето на работничката класа. Болшевиците пак стекнале голема популарност кај комитетите кои биле формирани во претпријатијата.
 
== Корниловски пуч==
 
Корниловиот пуч претставува наводен обид за [[државен удар]] од страна на командантот на руската армија, генералот [[Лавр Корнилов]] во [[август]] [[1917]] година против Руската привремена влада.
 
[[Александар Керенски]] слушнал за некој извештај дека [[болшевици]]те планирале да направат државен удар. Иако и самиот тој знаел дека ова е лага, тој во ова пронашол прилика да се ослободи од Корнилов, кој започнал да претставува закана и на самиот него. Верувајќи дека ќе добие подршка од началниците, [[Александар Керенски]] ја вратил смртната казна во земјата на [[12 јули]]. По една недела, во обид да се смири растечкиот конзервативен елемент во руското општество, во назначил [[Лавр Корнилов]] за командант на руската армија.
 
На [[25 август]] [[1917]] година, Корнилов го испратил кон [[Петроград]] третиот вооружен корпус на чело со [[Александар Кримов]] и по наредба на премиерот Александар Керенски. Главна цел била неутрализирање на болшевиците и намалување на нивната улога во општеството. Со ова тој самиот добил шанса да ја нападне и Привремената влада и да стане воен диктатор. Сепак, под притисок на [[Петроградски совет|Петроградскиот совет]], Керенски ја променил својата одлука а самиот ден, на [[27 август]] тој бил сменет од позиција главен командант. По ова следувало апсење на Корнилов, а Кримов се самоубил.
 
== Наводи ==