Привремена руска влада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 52:
 
И покрај краткото владеење на привремента влада и нејзините недостатоци, таа донела многу прогресивно законодателство. Законите кои биле донесени во тоа време биле запаметени како едни од најлибералните закони во Европа во тоа време. Во тоа време се создала независноста на црквата од државата, предавајќи акцент на руралното самоуправување, како и афирмација на основните граѓански права како што се слободата на говорот, печатот и слично, потоа укинување на смртната казна и економска прераспределба во селата. Во исто време Полска добила независност, а Литванија и Украина добиле поголема автономија<ref>W. E. Mosse, “Interlude: The Russian Provisional Government 1917,” Soviet Studies 15 (1964): 411-412</ref>.
 
Главниот проблем на привремената влада бил во неговата неспособност за спроведување и администрирање на законодавната политика. Надворешна политика беше една област во која на Привремената влада беше во можност да примени своето дискрециско право во голема мера. Сепак, продолжувањето на агресивната надворешна политика, како на пример Керенската офанзива, довело до зголемување на незадоволството. Двојното управување со земјата на практика не функционирало.
 
Подемот на локалните, синдикалните и руралните организации, дало повод за демократизација на земјата. Голем дел од политичкиот кабинет на владата се залагале за зголемување на моќта на овие институции. Во голема мера се зајакнала и улогата на локалната власт во земјата. Рускиот историчар Мосе напишал дека овој период претставувал единствениот во модерната руска историја каде рускиот народ бил во можност да одигра значајна улога во формирањето на судбината на земјата<ref>Mosse, “Interlude: The Russian Provisional Government 1917,” 414</ref>. Синдикалните организации биле во подем и играле важна улога во претставувањето на работничката класа. Болшевиците пак стекнале голема популарност кај комитетите кои биле формирани во претпријатијата.
 
== Наводи ==