Мандарински јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
'''Мандаринскиот јазик''' ([[кин.]] 官话, [[пинјин]]: Guānhuà, [[македонска транскрипција на кинескиот јазик|мктр.]] гуанхуа = „функционерски говор“)<ref>[[Традиционално кинеско писмо|Традиционално]]: 官話. Во статијата се користи исклучиво [[упростено кинеско писмо|упростеното]] [[кинеско писмо]]</ref> претставува целина од наречја што се говорат ширум северна и југозападна [[Кина]]. Бидејќи највеќето дијалекти се сместени на северот од земјата, групата се нарекува и „северен говор“ (北方话, Běifānghuà). Сепак, североисточното и југозападното наречје се толку различни, што луѓето можат да се разберат само ако општат на [[стандарден кинески јазик|стандардниот јазик]], претежно поради разлики во [[тон (лингвистика)|тоновите]] и лексиката. Меѓутоа, и покрај ова, разликите во рамките на мандаринските наречја се значително помали од оние помеѓу разните јазици во Кина. Се смета дека ова се должи тоа што мандаринскиот почнал да се шири релативно неодамна, но и поради полесното општење помеѓу луѓето во споредба со југот на земјата, кој е планински.
 
Мандаринските наречја, особено пекиншкото, се основа за [[стандарден мандарински јазик|стандардниот кинески јазик]], кој исто така се нарекува „мандарински“, „путунгхуа“ (普通话, {{уникод|Pǔtōnghuà}} = „општ говор“) или „гуоју“ (國語, {{уникод|Guóyǔ}} = „национален јазик“). Стандардниот кинески е службен јазик на [[НР Кина]] и [[Тајван]], како и еден од четирите службени јазици на [[Сингапур]] и еден од шесте јазици на [[ООН]].<ref name="Norman p136">Norman (1988), стр. 136.</ref> Земајќи ја мандаринската група во целост, јазикот има [[Список на јазиците по општиот број на говорници|највеќе матични говорници]] во светот (речиси милијарда). Овие говори уживаат таков статус поради тоа што низ голем дел од историјата на земјата, главниот град се наоѓал во тоа говорно подрачје. Почнувајќи од првите децении на XX век, ваквиот мандарински претставувал државен и дефакто стандард во Кина, но и како говор на значаен дел од кинеската дијаспора во светот.
 
== Името на јазикот==