Нова економска политика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
== Почеток ==
 
На 7 ноември 1917 година болшевиците ја презеле контролата на [[Петроград]] и ја собориле [[Привремена руска влада|Привремената влада]] во Зимскиот дворец. На својот конгрес ја прогласиле својата државна власт по кое следувала крвавата [[Руска граѓанска војна|граѓанска војна]] на [[Бела армија|Белата армија]] од една и [[Црвена армија|Црвената армија]] од друга страна. По победата на болшевиците во војната, земјата се нашла во економски колапс, а болшевичката подршка исто така се намалувала главно порадви практикувањето на т.н. воен комунизам. Поради ова, Ленин преминал кон создавање на нов план кој би го променил економскиот живот во земјата.
 
 
Во времето на граѓанската војни биле уништени буквално цели градови. Биле уништени комуникациските линии, транспортните линии особено железниците. Болестите исто така се развиле, особено тифусот. Пратките на храна и гориво преку железничката пруга се намалиле. Жителите на земјата во почетокот се соочиле со недостиг од масло за греење, а потоа и од јаглен. И покрај тоа што војските своите битки главно ги воделе надвор од урбаните средини, бројот на населението особено на градското се намалило<ref>Koenker, Diane P., William G. Rosenberg, and Ronald Grigor Suny, ed. Party, State, and Society in the Russian Civil War (Bloomington: Indiana University Press, 1989), 58-80.</ref>. Населението во северните градови, со исклучок на главните се намалило во просек по 24%<ref name="ReferenceA">Koenker, Diane P., William Rosenberg, and Ronald Suny, ed. Civil War, 61.</ref>Од население од околу 2.400.000 жители, Петроград по војната во 1920 година имал население од 740.000 жители<ref name="ReferenceA"/>.
 
== Наводи ==