Руска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 122:
== 1919==
 
Во почетокот на 1919 година, болшевичката влада ги контролирала реоните од Петроград до Москва и јужно од Волгоград. На исток, адмиралот Колчак имал мала армија и ја контролиран Транссибирската железница. На југ, козачките армии контролирале голем дел од Дон и Украина. Во новосоздадената држава Естонија, генералот Јуденич ја организирал својата армиј. Естонија била против болшевичката власт и се борела против нив до ноември 1918 година. Французите ја зазеле Одеса, а Британците Мурманс, како и Архангелск, додека пак Јапонците го зазеле Владивосток.
 
 
Лав Троцки наредил на своите сили најпрвин да биде вратена Украина. Ова било остварено во кратката кампања во зимата 1919 година. Козаците не биле во можност да се организираат како во 1917 година. Кога започнала советската контраофанзива во јануари 1919 година на чело со командантот Владимир Антонов, козачките сили многу бргу се распаднале. Црвената армија го зазела Киев на 3 февруари 1919 година, а десет денови подоцна генералот Каледин извршил самоубиство. Ростов бил освоен во март 1918 година. Козачката армија била евакуирана во Кубан, каде се придружила на Кубанските козаци. Генералот Корнилов бил убиен во борбите на 13 април. Командата преминала во рацете на генералот Деникин кој ја искористил можноста повторно да ја организира козачката армија. Во октомври од срцев удар починал генералот Алексеев, а генералот Дениким теоретски станал врховен командант на Белата армија во јужна Русија.
 
Французите своите војски ги повлекле од Одеса на 8 април 1919 година.
 
== Наводи ==