Руска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 113:
 
Меншевците и социјалистите го подржувале селското население во намерата на советите да се наложи контрола врз залихите на храна. Во мај 1918 година, со помош на Чешката легија биле заземани Самара и Саратов.
 
Исто така биле основани конзервативни и националистички влади од страна на Башкирите, Киргизите и Татарите, како и Сибирска привремена влада во Омск. Во септември 1918 година, сите антисоветски влади се состанале во Уфе и се договориле да основаат нова привремена влада во Омск, на чие чело би застанал Директориум од пет членови: три социјалистички ревлолуционери и два кадети.
 
Новата влада многу бргу паднала под влијание на министерот за војна, Александар Колчак. На 18 ноември превратот го воспоставил Колчак како дикратор. Членовите на Директориумот биле уапсени, а Колчак бил назначен за Врховен господар на Русија. Самиот Колчак се докажал како неефикасен лидер и политичар, а освен тоа тој не се слагал со лидерите на Чешката легија како најсилна воена формација во реонот.
 
За советите, појавата на Колчак означувала политичка победаа, бидејќи претходните настани нивните противници ги декларирале како антидемократи.