Руска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 109:
 
Во пролетта на 1918 година, меншевиците и социјалистите револуционери се здружиле во вооружената борба против болшевиците. Тие на почетокот биле против војната со болшевиците, но потпишувањето на мировниот договор и воспоставувањето на диктатотските мерки придонело да го променат својот став. Во тоа време тие ја имале најголемата прилика за зазимање на власта бидејќи имале голема популарност и авторитет кое се докажало на изборите во 1918 година. Сепак, најголем проблем бил тоа што не поседувале со војска. Раните обиди на социјалистите револуционери да ги регрутираат летонските војници во јули 1918 година биле неуспешни. На нивна среќа, Чешката легија им дала подршка.
 
Претходно, Чешката легија била дел од руската армија до октомври 1917 година, и броела околу 30.000 војници. Поголемиот број од нив биле поранешни воени затвореници и дезертери од австроунгарскатс војска. Легијата била преименувана во Чехословачки армиски корпус и се стремила кон продолжување на борбите против Германците. Нивните сили ги разоружиле на болшевичките војници во Чељабинск во јуни 1918 година. По еден месец Чешката легија ја зазела [[Транссибирска железница|Транссибирската железница]] и [[Бајкалско Езеро|Бајкалското Езеро]] до планината Урал. Во август бил заземан Екатеринбург.
 
Меншевците и социјалистите го подржувале селското население во намерата на советите да се наложи контрола врз залихите на храна. Во мај 1918 година, со помош на Чешката легија биле заземани Самара и Саратов.