Руска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 105:
 
== 1918 ==
 
Со потпишувањето на [[Брест-Литовски договор|Брест-Литовскиот договор]], Русија се повлекла од војната а Германија добила контрола над поголемиот дел од западна Русија. Британците и Французите ја снабдувале Русија со воени материјали и пари. По потпишувањето на договорот се сметало дека голем дел од оваа помош паднало во рацете на Германија.
 
Во пролетта на 1918 година, меншевиците и социјалистите револуционери се здружиле во вооружената борба против болшевиците. Тие на почетокот биле против војната со болшевиците, но потпишувањето на мировниот договор и воспоставувањето на диктатотските мерки придонело да го променат својот став. Во тоа време тие ја имале најголемата прилика за зазимање на власта бидејќи имале голема популарност и авторитет кое се докажало на изборите во 1918 година. Сепак, најголем проблем бил тоа што не поседувале со војска. Раните обиди на социјалистите револуционери да ги регрутираат летонските војници во јули 1918 година биле неуспешни. На нивна среќа, Чешката легија им дала подршка.