Разлика помеѓу преработките на „Социологија“

Додадени 4 бајти ,  пред 8 години
с
нема опис на уредувањето
с
Првиот факултетски предмет под име „Социологија“ го предаваше во САД на Јеил универзитетот во 1875 година Вилијам Греам Самнер. Во 1883 година Лестер Ф. Ворд, првиот претседател на Американското социолошко здружение, го објави делото Динамична социологија - или применета општествена наука заснована врз статичката социологија и поедноставните науки, со што ја нападна социологијата на „пушти ги да прават што ќе прават“ на Херберт Спенсер и Самнер. Вордовата книга од 1 200 страници беше употребена како базичен материјал на многу од првичните предавања за социологијата во Америка. Во 1890 година започна најстариот, до денес постоечки, курс (предмет) во модерната традиција, на универзитетот во Канзас, кој го предаваше Френк В. Блекмар. Катедрата за социологија на универзитетот во Чикаго беше основана во 1892 година од Албион Смол. Џорџ Херберт Мед и Чарлс Кули, кои се запознаа на универзитетот во Мичиген во 1891 година (заедно со Џон Дјуи), се преселија во Чикаго во 1894 година. Нивното влијание доведе до појавата на социјалната психологија и симболичниот интеракционизам на модерната чикашка школа. Американски социолошки журнал беше првпат издаден во 1895 година, и беше следен од Американско социолошко друштво (АСД) основано во 1905 година. Социолошкиот „канон на класиците“, предводен од Дуркеим и Макс Вебер, му должи делумно и на Талкот Парсонс, на кој му се припишува и запознавањето на американската јавност со нив двајцата (Дуркеим и Вебер). Парсонс ја консолидираше социолошката традиција и ја утврди агендата за американската социологија во мигот кога таа имаше најголем подем во полето на дисциплините. Социологијата во Соединетите Држави беше историски помалку под влијание на марксизмот отколку истата во Европа, и до ден денес таа воглавно останува постатична во својот пристап.
 
[[Податотека:Ferdinand Toennies Bueste Husum-Ausschnitt.jpg|мини|160п|десно|Писта на Фердинанд Тоние во Хусум[[Хузум]], Германија]]
Првата катедра за социологија основана во Обединетото Кралство беше во Лондонскиот факултет за економија и политички науки (домот на Британски журнал за социологија) во 1904 година. Леонард Трелони Хобхаус стана предавач во дисциплината на универзитетот во Лондон во 1907 година. Во 1909 година беше основано Германско социолошко друштво од Фердинанд Тоние и Макс Вебер, помеѓу другите. Вебер ја основа првата катедра во Германија на универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен во 1919 година, презентирајќи нова, влијателна антипозитивстичка социологија. Во 1920 година Флоријан Знаниечки ја основа првата катедра во Полска. Институто за социолошки истражувања на универзитетот во Франкфурт (подоцна стана франкфуртска школа за критика теорија) беше основан во 1923 година. Меѓународната соработка на поле на социологијата започна во 1893 година, кога Рене Вормс го основа Меѓународен социолошки институт, институција која подоцна беше фрлена во сенка од далеку поголемото Меѓународно социолошко друштво (МСД) основано во 1949 година. Социологија еволуираше како академски одговор на предизвиците на модерното доба, како што беа индустриализацијата, урбанизацијата, секуларизацијата и истакниот процес на сеопфатниот рационализам. Полето почна да доминира во континентална Европа, при што британската антропологија и статистика обично следеше, но на одделна траекторија. Сепак, до почетокот на 20-иот век, многу теоретичари беа активни во англосаксонскиот свет. Малкумина од раните социолози беа стриктно заинтересирани за споменатата тема, влегувајќи во интеракција со економијата, правните науки, психологијата и филозофијата, при што теориите беа одделени во мноштво на различни полиња. Споредено со почетокот, социолошките епистемологии (епистемологија = наука за спознанието), методи и рамки на истражување значително се развија и разгранаа.