Вилијам Шекспир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 274:
 
{{Col-end}}
 
==Творештвото на Шекспир во Македонија==
(Изворот на овие информации, со мали надополнувања за периодот по 1976, е резимето на докторската дисертација на [[Иванка Ковилоска-Поповска]], насловена „Шекспир во Македонија“, 1976. Дополнувањата за сите преводи направени по 1976 се направени според информациите кои може да се најдат во „[[Виртуелна библиотека на Македонија|Виртуелната библиотека на Македонија]]“ (http://www.vbm.mk) )
 
===Театар===
Прва драма на Шекспир која била изведена на современ македонски јазик била „Како што милувате“ во [[1948]] година во [[Македонскиот народен театар]]. [[Илија Милчин]], еден од основачите на МНТ и автор на прозниот превод на комедијата, по повод втората поставка на драмата во 1965, напишал: „Ренесансната животна радост бликаше од сцената и секоја нова претстава на комедијата беше вистински празник“.<ref>Програмски информатор на МНТ за втората поставка на „Како што милувате“</ref>
 
Во Македонскиот народен театар следат и поставките на „Ноќ спроти водици“ (1951), „Отело“ (1954), „Многу врева за ништо“ (1955), „Венецијанскиот трговец“ (1970) и „Крал Лир“ (1972). [[Драмски театар - Скопје|Драмскиот театар во Скопје]] ги поставува „Магбет“ (1972) и „Хамлет“ (1976). Во другите градови од Македонија исто така се поставувале драмите на Шекспир: Народниот театар „Антон Панов“ од [[Струмица]] ја поставува комедијата „Скротена бес“ (1959); „Војдан Чернодрински“ од [[Прилеп]] ја поставува „Ноќ спроти Водици“ (1965); истата драма се изведува и во [[Штип]] во 1969. Народниот театар од [[Битола]] ги изведува „Хамлет“ (1966) и „Отело“ (1970).
 
Делата на Шекспир почнуваат да се изведуваат и на [[Албански јазик|албански]] и [[Турски јазик|турски]] во Македонија—во 1966, Театарот на народностите во Скопје ја поставува ''12ci Gece'' („Ноќ спроти Водици“ или „Дванаесетта ноќ“), а во 1973 и „Отело“. На албански, пак, е поставена „Сон во една средлетна ноќ“ (''Endra e një natë vere''), исто во 1973 година.
 
===Преводи===
Првата драма објавена на македонски била „Како што милувате“, една година по поставувањето на истата во МНТ, односно 1949 година. Преводот е дело на [[Васил Иљоски]], кој ги препеал стиховите, и [[Илија Милчин]], кој ја превел прозата. Следуваат преводи од [[Блаже Конески]] („Отело“, 1953), [[Ацо Шопов]] („Хамлет“, 1960) и [[Георги Сталев]] („Венецијанскиот трговец“, 1971). Овие први преводи се индиректни—односно, преведувачите се служеле со преводи на [[Руски јазик|руски]], [[Бугарски јазик|бугарски]] или [[Српско-хрватски|српско-хрватски]] јазик. По овие следуваат и преводи на 60 сонети (1968), како и на трагедијата „Ромео и Јулија“ (1971). Овие два преводи се плод на соработка—од англиски во буквален превод се пренесени од [[Таска Дубровска]], а за препевот се должни Ацо Шопов и Георги Сталев, по наведениот редослед.
 
Од 1971 година, Шекспир почнува да се пренесува на македонски во директен превод од англиски. Првите вакви преводи ги прави [[Богомил Ѓузел]]: „Магбет“ и „Крал Лир“. Ѓузел ќе ги преведе и „Хамлет“ (1980); „Јулиј Цезар“ (1982); „Сон на летната ноќ“ (1984); „Ноќ спроти Водици“ (1985); „Троил и Кресида“ и „Бура“ (1992); „Тит Андроник“ (2002), „Зимска сказна“ и „Антониј и Клеопатра“ (2006), „Како што милувате“ (2007), „Симбелин“ (2008) и „Хенри Шести, дел 2“ (2011), во соработка со [[Иванка Ковилоска-Поповска]], која, пак, во 1985 и 1988 ги преведува двата дела од „Хенри Четврти“, „Хенри Петти“ (2004), „Ричард Втори“ (2005) и „Многу врева за ништо“ (2006).
 
[[Драги Михајловски]], од своја страна, почнувајќи од 1980-те, досега има преведено 33 од 37-те драми на Шекспир, 23 од кои се објавени, а останатите чекаат објавување.<ref>http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=511121458478&id=16&setIzdanie=22578</ref> Неговата „11 драми“, објавена во 2003 година, ги опфаќа драмите „Веселите жени од Виндзор“, „Комедија на забуни“, „Кротењето на опаката“, „Со сила убавина не бидува“, „Од влакно ортома“, „Секое зло за арно“, „Танте за кукуригу“, „Ромео и Јулија“, „Ричард Трети“, „Кориолан“ и „Тимон од Атина“. Драмите бесплатно може да се симнат на македонскиот Криејтив комонс (линк). Во 2004 следи објавувањето на сите 154 сонети на Шекспир; потоа четирите големи трагедии „Кралот Лир“, „Хамлет“, „Отело“ и „Магбет“ во 2008; „Луњата“, „Сон во ноќта спроти Иванден“, „Зимска прикаска“ и „Како ви е арно така“ во 2011; и „Спроти Водици“, „Венецијанскиот трговец“, „Антоние и Клеопатра“ и „Јулие Цезар“ во 2012.
 
== Поврзано ==
[[Англиска книжевност]]
[[Англиска поезија]]
 
== Наводи ==