Маса (физика): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Менува id:Massa
с додаден сајдбар
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Класична механика}}
'''Маса''' е карактеристика на [[физика|физичките]] објекти. Според [[SI]] системот таа се мери во килограми, kg. Масата е мерка за инертност на телата. Инертноста ќе ја објасниме преку пример. Имено, ако на некое тело дејствуваме со прилично голема сила (да туркаме камион на пример) и притоа не го придвижиме многу, би кажале дека телото е релативно многу инертно. Ако на некое друго тело дејствуваме со релативно мала сила, а притоа доста ја промени својата положба, би рекле дека тоа тело има релативно мала инертност (мало парче памукче дувнато со уста, честица прашина во воздухот), и сл. Секое тело кое е доста инертно има и голема маса, додека пак секое тело кое е малку инертно има и мала маса.
Ќе наведеме и друг пример: на пример ако некое тело се движи со одреден интензитет, правец и насока и ако врз него дејствуваат некои релативно големи надворешни сили, кои се обидуваат да му ја променат насоката, правецот и интензитетот на движење, но ако телото не се помести многу би рекле дека телото е релативно доста инертно (има голема голема маса), но ако силите многу го поместат телото, тогаш телото има релативно мала инертност, па и мала маса.