Вилијам Шекспир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување
Ред 84:
Повеќето драмски писатели од тој период соработувале едни со други, па затоа критичарите се согласуваат дека и Шекспир гo правел истото, и тоа најизразено на почетокот и на крајот од неговата кариера.<ref>Thomson, Peter, "Conventions of Playwriting". in {{Harvnb|Wells|Orlin|2003|loc=49}}.</ref> За некои драми што му се припишуваат, како „[[Тит Андроник]]“ и најраните истории, сѐ уште се дебатира. Денес има докази кои укажуваат на фактот дека некои негови драми подоцна биле ревидирани од други писатели.
 
Првите дела на Шекспир за кои со сигурност се знае дека се негови се „[[Ричард Трети]]“ и трите дела од „[[Хенри Шести]]“, напишани во 1590-те, кога историските драми биле многу популарни. Но многу е тешко да се утврди кога Шекспир ги напишал драмите. Проучувањата на драмите укажуваат дека и „Тит Андроник“, „[[Комедија на забуни]]“, „[[Кротењето на опаката]]“ и „[[Двајцата благородницивелможи од Верона]]“ веројатно исто така припаѓаат во групата рани драми.<ref>{{Harvnb|Schoenbaum|1987|loc=159–61}}; {{Harvnb|Frye|2005|loc=9}}.</ref> Историски материјал за првите истории црпел од книгата на [[Рафаел Холиншед]] „[[Хроники од Англија, Шкотска и Ирска]]“.<ref>{{Harvnb|Dutton|Howard|2003|loc=147}}.</ref> Во нив е прикажана деструктивноста на слабите и корумпирани влади, а се сметаат и за подлога за издигнувањето на династијата [[Тјудори|Тјудор]].<ref>{{Harvnb|Ribner|2005|loc=154–155}}.</ref> Во првите драми се забележува влијанието што драмите на елизабетанците [[Томас Кид]] и [[Кристофер Марло]] го имале врз Шекспир, како и драмите на [[Сенека]].<ref>{{Harvnb|Frye|2005|loc=105}}; {{Harvnb|Ribner|2005|loc=67}}; {{Harvnb|Cheney|2004|loc=100}}.</ref> „Комедија на забуни“ е исто базирана на класични модели, а за „Кротењето на опаката“ нема извори, иако е поврзана со истоимена, но различна драма, а приказната е веројатно народна.<ref>{{Harvnb|Honan|1998|loc=136}}; {{Harvnb|Schoenbaum|1987|loc=166}}.</ref> „Двајцата благородницивелможи од Верона“ и „Кротењето на опаката“ претставуваат предизвик за современи критичари и режисери, бидејќи во првата двацјата пријатели го одобруваат чинот на силување, а во втората се зборува за кротењето на слободоумниот дух на една жена од страна на маж.<ref>{{Harvnb|Friedman|2006|loc=159}}.</ref>
 
[[File:Oberon, Titania and Puck with Fairies Dancing. William Blake. c.1786.jpg|thumb|left|''Оберон, Титанија и Пак танцуваат со самовили'' на [[Вилијам Блејк]], прибл. 1786. [[Тејт]].]]
Ред 90:
 
[[File:Henry Fuseli rendering of Hamlet and his father's Ghost.JPG|thumb|''Хамлет, Хорацие, Марцело, и духот на таткото на Хамлет'' [[Хенри Фусели]], 1780–5. [[Kunsthaus Zürich]].]]
На почетокот на XVII век, Шекспир работел на т.н. „проблематични драми“ (problem plays): „[[Танте за кукуригу]]“, „[[Троил и Кресида]]“ и „[[Секое зло за арно]]“, како и најпознатите негови трагедии.<ref>{{Harvnb|Bradley|1991|loc=85}}; {{Harvnb|Muir|2005|loc=12–16}}.</ref> Многумина критичари се согласуваат дека во овие трагедии, Шекспир го достигнува врвот на неговиот уметнички талент. За херојот на една од трагедиите, „[[Хамлет]]“, се пишувало и дебатирало најмногу од кој било друг шекспиров лик, а особено неговиот монолог: „да се биде или не; прашање е сега“ ("To be or not to be; that is the question").<ref>{{Harvnb|Bradley|1991|loc=94}}.</ref> Трагичната мана на Хамлет е неодлучноста. За хероите во „[[Отело]]“ и „[[Крал Лир]]“, пак, е кобно избрзувањето и непромислата. Дејството во трагедиите обично се врти околу трагичните мани, кои го пресвртуваат мирот и го унишуваат херојот и тие што ги сака. Во „Отело“, негативецот Јаго ја буди љубомората во Отело до тој степен што овој си ја убива невината љубена жена. Во „Крал Лир“, стариот крал се откажува од власта и моќта и со тоа ги спотнува настаните кои последователно ќе доведат до мачењето и осакатувањето на Глостер, и до смртта на најмладата ќерка на Лир, Корделија. Според критичарот Френк Кермод, „драмата не им нуди ни на добрите ликови ни на публиката никаква воздишка од суровоста“.<ref>{{Harvnb|Bradley|1991|loc=226}}; {{Harvnb|Ackroyd|2006|loc=423}}; {{Harvnb|Kermode|2004|loc=141–2}}.</ref> Во „[[Магбет]]“, најкусата, но најстегната шекспирова трагедија, неконтролираната амбиција ги подбуцнува Магбет и неговата жена да го убијат кралот на земјата и да го заземат тронот, сѐ додека вината на крај не ги уништува. Во оваа драма, Шекспир додава и натприродни елементи кои ја дополнуваат структурата. Последните две големи трагедии, „[[Антоние и Клеопатра]]“ и „[[Кориолан]]“, содржат неверојатни парчиња поезија; овие драми критичарот и поет [[Т. С. Елиот]] ги сметал за најуспешните трагедии на Шекспир.<ref>{{Harvnb|Ackroyd|2006|loc=444}}; {{Harvnb|McDonald|2006|loc=69–70}}; {{Harvnb|Eliot|1934|loc=59}}.</ref>
 
Во последниот период од животот, Шекспир пишувал романси (или трагикомедии): „[[Симбелин]]“, „[[Зимска прикаска]]“ и „[[Бура (драма)|Бура]]“, како и „[[Перикле, принцот тирски]]“, на која соработувал со други драматурзи. Овие драми се поведри од трагедиите, но и посериозни од претходните комедии; сите завршуваат со проштевање и смирување. Некои коментираат дека овие драми укажуваат на тоа дека Шекспир водел посмирен живот во овој период, но сепак може да станува збор чисто за „модата“ во тоа време, односно што било популарно во театрите.<ref>{{Harvnb|Dowden|1881|loc=60}}; {{Harvnb|Frye|2005|loc=123}}; {{Harvnb|McDonald|2006|loc=15}}.</ref> Шекспир соработувал, веројатно со Џон Флечер, и на уште две други драми, „[[Хенри Осми (драма)|Хенри Осми]]“ и „[[Двајцата благородни земјаци]]“.<ref>{{Harvnb|Wells|Taylor|Jowett|Montgomery|2005|loc=1247, 1279}}</ref>
Ред 107:
 
==Песни==
Во 1593 и 1594, кога театрите биле затворени поради чумата, Шекспир објавил две наративни песни со еротски мотиви, „[[Венера и Адонис]]“ и „[[СилувањетоГрабнувањето на Лукреција]]“, со посвета на [[Хенри Рајесли]], грофот од Саутемптон. Во првата, невиниот [[Адонис]] ги одбива додворувањата на [[Венера (божица)|Венера]]; а во втората, похотниот [[Тарквин]] ја силува доблесната [[Лукреција]]. Под влијание на „[[Метаморфози]]“ на [[Овидиј]], овие поеми ја илустрираат вината и моралната збунетост што се појавуваат како резултат на неконтролираната страст. И двете биле популарни и доживеале неколку ре-изданија додека Шекспир бил жив. Третата наративна поема, „[[БолкатаТагувањето на една вљубеназаљубената]]“, во која една млада жена се жали што била заведена од еден убедлив додворувач, била објавена како дел од првото издание на сонетите во 1609. Повеќето експерти се согласуваат дека Шекспир ја напишал оваа песна. „[[Фениксот и грлицата]]“ ја оплакува смртта на легендарниот [[феникс]] и неговата љубена, верната [[грлица]].
 
==Сонети==
Ред 114:
 
==Стил==
Раните драми Шекспир ги пишувал следејќи ги тогашните конвенции за пишување театарски претстави; јазикот е на висок стил и не секогаш им лежи природно на ликовите во драмата;<ref>{{Harvnb|Clemen|2005a|loc=150}}.</ref> поезијата се потпира на сложени [[Метафора|метафори]] и кончета, а честа стилска фигура е [[Реторско прашање|реторичкиот]] јазик. Битните говори во „Тит Андроник“, според некои критичари, понекогаш ја одложуваат акцијата, а пак стиховите во „Двајцата благородницивелможи од Верона“ ги опишуваат како крути.<ref>{{Harvnb|Frye|2005|loc=105, 177}}; {{Harvnb|Clemen|2005b|loc=29}}.</ref>
 
Но за брзо време Шекспир почнал да ги адаптира конвенциите за свои потреби. Воведниот монолог на Ричард Трети во кој тој се исповеда и си ги искажува намерите влече корени од ликот на Порокот во средновековна драма. Но напоредно со тоа, живописната самосвесност на Ричард укажува на монолозите од зрелиот период на Шекспир.<ref>{{Harvnb|Brooke|2004|loc=69}}; {{Harvnb|Bradbrook|2004|loc=195}}.</ref> Ниедна драма не може да се издвои кога се зборува за преминувањето од традиционален во слободен стил; во текот на целата своја кариера, Шекспир ги меша и двата, а „Ромео и Јулија“ е најдобриот пример.<ref>{{Harvnb|Clemen|2005b|loc=63}}.</ref>
Ред 133:
:''понекогаш интуицијата одлично не служи...)''<ref>{{Harvnb|Михајловски|2008|loc=604}}.</ref>
 
:''Хамлет, Чин V, СценСцена 2, 4–8''
 
По „Хамлет“, Шекспир продолжува со стилските експерименти, особено во поемотивните стихови во подоцнежните трагедии. Критичарот [[Е. С. Бредли]] вака го опишува овој стил: „посконцентриран, брз, разнолик, а конструкциски понепостојан, не ретко извртен или елиптичен“.<ref>{{Harvnb|Bradley|1991|loc=91}}.</ref> Во последната фаза, Шекспир употребил многу техники за да го постигне овој ефект, како на пример, [[опчекорување]], неочекувани паузи и неправилна структура и должина на реченици. Така, во „Магбет“, Шекспир скока од една неповрзана метафора или споредба на друга: „Да не беше надежта пијана / во која се променивте?“ (I.7.35-38);<ref>{{Harvnb|Михајловски|2008|loc=184}}.</ref> „...сожалбата, ко некое голо, тазе-родено бепче / загазено во луња, или некој небесен херувим вјавнат / врз невидливите тркачи на воздухот...“ (I.7.21-25).<ref>{{Harvnb|Михајловски|2008|loc=183}}.</ref> Во последните романси, кои скокаат од едно време и место во друго, стегнати со изненадувачки пресврти во дејството, јазикот е послободен, речениците се често извртени, наклукани со зависни реченици, зборови се извадени, создавајќи чувство на спонтаност.<ref>{{Harvnb|McDonald|2006|loc=36, 39, 75}}.</ref>
 
Шекспир го комбинирал својот писателски талент со разумен осет за тоа што е привлечно во театарот.<ref>{{Harvnb|Gibbons|1993|loc=4}}.</ref> Како и сите драматурзи во тоа време, тој адаптирал за на сцена приказни од Плутарх и Холиншед.<ref>{{Harvnb|Gibbons|1993|loc=1–4}}.</ref> Ги преобличувал приказните, давајќи ѝ на публиката повеќе перспективи. Како што Шекспир се усовршувал како писател, така и неговите ликови се здобиваат со комплексност; секој лик добива посебен начин на говор. Но некои карактеристики од најраниот стил ги повторил во последните драми—во романсите, често намерно користи повештачки, театарски јазик, со цел да ја потенцира илузијата на театарот.<ref>{{Harvnb|McDonald|2006|loc=13}}; {{Harvnb|Meagher|2003|loc=358}}.</ref>
 
==Влијание==
 
Делото на Шекспир оставило трајно влијание во областа на театарот и книжевноста. Тој ги поместил границите на прифатените драмски потенцијали, особено кога станува збор за ликови, дејство, јазик и жанр.<ref>{{Harvnb|Chambers|1944|loc=35}}.</ref> Пред „Ромео и Јулија“, во романсата не се гледал потенцијал за трагедија.<ref>{{Harvnb|Levenson|2000|loc=49–50}}.</ref> Во монолозите најчесто имало информации за ликовите или настаните; но Шекспир ги користи за да го истражи умот на ликот.<ref>{{Harvnb|Clemen|1987|loc=179}}.</ref> Неговото дело оставило траен печат на подоцнежната поезија. Романтичарите се обиделе да ја оживеат [[драма во стих|драмата во стих]], но безуспешно. Критичарот [[Џорџ Стајнер]] вака ги опишува обидите за драма во стих од тој период: „бледи варијации на шекспирови теми“.<ref>{{Harvnb|Steiner|1996|loc=145}}.</ref>
 
И кај романописците се забележува влијанието на Шекспир; на пример кај [[Томас Харди]], [[Вилијам Фокнер]] и [[Чарлс Дикенс]]. Монолозите на Американецот [[Херман Мелвил]] исто така се должат на Шекспир—капетанот Ахаб во „[[Моби Дик]]“ е класичен трагичен херој, инспириран од „Крал Лир“.<ref>{{Harvnb|Bryant|1998|loc=82}}.</ref> Експертите идентификувале 20.000 пиеси кои се некако поврзани со делата на Шекспир, меѓу кои и две опери на [[Џузепе Верди]], „Отело“ и „Фолстаф“. Многу сликари, исто така, се инспирирале од ликови и дела на Шекспир, вклучувајќи ги предрафаелитите и романтичарите. Швајцарскиот уметник [[Хенри Фусели]], претставник на романтизмот, а пријател на [[Вилијам Блејк]], дури и ја превел „Магбет“ на германски.<ref>{{Harvnb|Paraisz|2006|loc=130}}.</ref> Психоаналитичарот [[Сигмунд Фројд]] исто ги анализирал психолошки ликовите на Шекспир, особено Хамлет, кои оставиле траги во неговите теории за човековата природа.<ref>Bloom, Harold. ''The Western Canon''. New York, Riverhead Books, p.346</ref>
 
Во времето на Шекспир, граматиката, правописот и правоговорот не биле строго стандардизирани.{{sfn|Cercignani|1981|p=}} Така, јазикот на Шекспир помогнал во изградувањето на современиот англиски јазик.<ref>{{Harvnb|Crystal|2001|loc=55–65, 74}}.</ref> [[Семјуел Џонсон]], првиот англиски лексикограф, во „Речник на англискиот јазик“ го цитира Шекспир повеќе пати од кој било друг автор. Некои зборови и изрази што првпат се среќаваат кај Шекспир се користат и до ден-денес.<ref>{{Harvnb|Johnson|2002|loc=12}}; {{Harvnb|Crystal|2001|loc=63}}.</ref>
 
==Репутација==
Шекспир не бил почитуван во свое време како што е денес, но сепак бил доста пофалуван.<ref>{{Harvnb|Dominik|1988|loc=9}}; {{Harvnb|Grady|2001b|loc=267}}.</ref> Во 1598, свештеникот и писател Френсис Мир го издвоил од групата англиски писатели како „најодличен“ и за комедија и за трагедија.<ref>{{Harvnb|Grady|2001b|loc=265}}; {{Harvnb|Greer|1986|loc=9}}.</ref> Автори од [[Кембриџ]] го ставаат во редот на [[Џефри Чосер|Чосер]], [[Џон Гауер|Гауер]] и [[Едмунд Спенсер|Спенсер]].<ref>{{Harvnb|Grady|2001b|loc=266}}.</ref> Во Првото фолио, Бен Џонсон го нарекува: „Душата на ерата, аплаузот, восторгот, чудото на сцената“, иако во друга прилика претходно рекол дека кај Шекспир недостига уметност.
 
[[File:William Shakespeare Statue in Lincoln Park.JPG|thumb|right|200px|Линколн Парк, Чикаго]]
Помеѓу реставрацијата на монархијата во 1660 и крајот на XVII век, во мода бил [[Класицизам|класицизмот]]. Поради тоа, тогашните критичари го подредувале Шекспир под Џон Флечер и Бен Џонсон.<ref>{{Harvnb|Grady|2001b|loc=269}}.</ref> [[Томас Рајмер]], на пример, му замерувал на Шекспир што мешал комедија и трагедија. Но поетот и критичар Џон Драјден секогаш високо го вреднувал. За Џонсон рекол: „Го ценам него, но го сакам Шекспир“.<ref>{{Harvnb|Dryden|1889|loc=71}}.</ref> Во наредните неколку децении било доминантно гледиштето на Рајмер, но веќе во XVIII век, критичарите почнале да го согледуваат и фалат природниот гениј на Шекспир. Во растењето на неговата репутација голема улога одиграле неколкуте „училишни“ изданија на драмите на Шекспир, особено оние под уредништво на [[Семјуел Џонсон]] во 1765 и оние на Едмонд Малоун во 1790.<ref>{{Harvnb|Grady|2001b|loc=270–27}}; {{Harvnb|Levin|1986|loc=217}}.</ref> Веќе до 1800, Шекспир се сметал за англискиот народен поет. Во XVIII и XIX век, репутацијата на Шекспир почнала да се шири и надвор од Англија—меѓу авторите кои го величеле спаѓаат [[Волтер]], [[Гете]], [[Стендал]] и [[Виктор Иго]].
 
Во [[Романтизам|Романтизмот]], Шекспир бил најмногу славен од [[Семјуел Тејлор Колриџ]]. Критичарот Шлегел ги превел неговите драми во духот на германскиот романтизам.<ref>{{Harvnb|Levin|1986|loc=223}}.</ref> Во XIX век, восхитот на некои критичари почнувал да се граничи со претерано ласкање.<ref>{{Harvnb|Sawyer|2003|loc=113}}.</ref> „Тој Крал Шекспир“, ќе рече [[есеист|есеистот]] [[Томас Карлајл]] во 1840, „како неговиот крунисан суверенитет сјае над сите нас, како најблагороден, најубав, но и најсилен знак на сплотување; неуништлив“.<ref>{{Harvnb|Carlyle|1907|loc=161}}.</ref> Викторијанските изведби на неговите драми биле спектакуларни и претерано богати.<ref>{{Harvnb|Schoch|2002|loc=58–59}}.</ref> Драматургот и критичар [[Џорџ Бернард Шо]] се исмевал на оваа идолатрија и ја нарекувал „бардолатрија“. Тој тврдел дека [[Ибзен]] и [[Натурализам|натурализмот]] дошле во мода, а Шекспир веќе бил излитен.<ref>{{Harvnb|Grady|2001b|loc=276}}.</ref>
 
[[Модернизам|Модернистите]] на почетокот на XX век ги „регрутирале“ делата на Шекспир во служба на авангардата. [[Експресионизам|Експресионистите]] во Германија и [[Футуризам|Футуристите]] во Москва ги поставувале неговите драми. [[Марксизам|Марксистичкиот]] драматург [[Бертолт Брехт]] создал т.н. „[[епски театар]]“ (epic theatre) под влијание на Шекспир. Поетот и критичар [[Т. С. Елиот]] не се согласувал со Шо, велејќи дека токму „примитивноста“ на Шекспир всушност го прави модерен.<ref>{{Harvnb|Grady|2001a|loc=22–6}}.</ref> Елиот, заедно со Џ. Вилсон Најт и школата на [[Новата критика]], го предводел движењето кон пососредоточено читање на метафориката кај Шекспир. Во 1950-те, бранот нови критички приоди го истиснуваат модернизмот и го отвораат патот кон [[Постмодернизам|пост-модернистички]] шекспирови студии.<ref>{{Harvnb|Grady|2001a|loc=24}}.</ref> Веќе во 1980-те, драмите на Шекспир почнаа да се проучуваат од аспект на [[структурализам]], [[феминизам]], [[Нов историцизам]], [[афроамерикански книжевни студии|афроамерикански]] и [[квир студии]].<ref>{{Harvnb|Grady|2001a|loc=29}}.</ref><ref>{{Harvnb|Drakakis|1985|loc=16–17, 23–25}}</ref>
 
==Шпекулации за Шекспир==
===Авторство===
Некои 230 години по смртта на Шекспир, почнале да се раѓаат сомнежи околу тоа дали навистина Шекспир е авторот на драмите кои му се припишуваат.<ref>{{Harvnb|Shapiro|2010|loc=77-8}}.</ref> Предлог-кандидати се [[Френсис Бејкон]], [[Кристофер Марло]] и [[Едвард де Вир, 17. гроф од Оксфорд]].<ref>{{Harvnb|Gibson|2005|loc=48, 72, 124}}.</ref> Постојат и теории дека делата се резултат на групна работа.<ref>{{Harvnb|McMichael|Glenn|1962|p=56}}.</ref> Само мал дел од академиците се на мислење дека постојат причини за сомнеж. Сепак, интересот за ова прашање е сѐ уште жив во XXI век.<ref>{{Harvnb|Kathman|2003|loc=620, 625–626}}; {{Harvnb|Love|2002|loc=194–209}}; {{Harvnb|Schoenbaum|1991|loc=430–40}}.</ref>
 
===Религија===
Некои експерти веруваат дека семејството на Шекспир било [[Католицизам|католичко]], во време кога тоа било противзаконско.<ref>{{Harvnb|Pritchard|1979|loc=3}}.</ref> Мајката на Шекспир, Мери Арден, со сигурност потекнувала од побожно католичко семејство. Најсилниот доказ, документ потпишан од Џон Шекспир во кој тој го искажува тоа, бил најден во 1757, но денес е изгубен, па не може да се смета за веродостоен.<ref>{{Harvnb|Wood|2003|loc=75–8}}; {{Harvnb|Ackroyd|2006|loc=22–3}}.</ref> Во драмите на Шекспир може да се најдат докази и за и против католицизмот, така што не може точно да се утврди.<ref>{{Harvnb|Wilson|2004|loc=34}}; {{Harvnb|Shapiro|2005|loc=167}}.</ref>
 
===Сексуалност===
Малку детали се познати за сексуалноста на Шекспир. На 18 години се оженил за 26-годишната Ен Хетавај, а шест месеци подоцна им се родило првото од три деца. Многумина читатели веруваат дека сонетите на Шекспир се автобиографски<ref>{{Harvnb|Lee|1900|loc=55}}</ref> и дека во нив има докази дека тој бил вљубен во младо момче. Други гледаат на оваа врска како на пријателска.<ref>{{Harvnb|Casey}}; {{Harvnb|Pequigney|1985}}; {{Harvnb|Evans|1996|loc=132}}.</ref> 26-те сонети кои се однесуваат на „црната жена“ се земаат како доказ дека Шекспир бил хетеросексуалец.<ref>{{Harvnb|Fort|1927|loc=406–414}}.</ref>
 
===Портрет===
Не постои писмен опис на Вилијам Шекспир. Не постојат ни докази дека тој некогаш побарал да му се направи портрет. Единствено гравурата на [[Мартин Друшаут]] (за која Бен Џонсон рекол дека е добра<ref>{{Harvnb|Cooper|2006|loc=48, 57}}.</ref>) и споменикот во Стратфорд, поставен пред 1623, може да се сметаат за добри докази за неговиот изглед.
 
==Листа на дела==
 
===Класификација на драмите===
Во [[Прво фолио|Првото фолио]] се вклучени 36 драми на Шекспир, класифицирани под комедии, истории и трагедии.<ref>{{Harvnb|Boyce|1996|loc=91, 193, 513.}}.</ref> Две драми кои не биле вклучени, „Перикле“ и „Двајцата благородни земјаци“, денес се сметаат за шекспирови, бидејќи експертите се согласуваат дека Шекспир допринел многу во нивната композиција.<ref>{{Harvnb|Kathman|2003|loc=629}}; {{Harvnb|Boyce|1996|loc=91}}.</ref> Во Првото фолио не е вклучена ниедна песна од Шекспир.
 
Кон крајот на XIX век, [[Едвард Дауден]] класифицирал четири од подоцнежните комедии како романси. За овие драми се користи уште и терминот трагикомедии.<ref>{{Harvnb|Edwards|1958|loc=1–10}}; {{Harvnb|Snyder|Curren-Aquino|2007}}.</ref> Овие драми и „Двајцата благородни земјаци“ се обележани со астериск (*). Во 1896, Фредерик С. Боас го вовел терминот „проблематични драми“ во описот на четирите драми: „Секое зло за арно“, „Танте за кукуригу“, „Троил и Кресида“ и „Хамлет“.<ref>{{Harvnb|Schanzer|1963|loc=1–10}}.</ref> Тој вели: „драмите не може да се стават стриктно под комедија или трагедија“.<ref>{{Harvnb|Boas|1896|loc=345}}.</ref> Овие „проблематични“ драми, со исклучок на „Хамлет“ која се смета за трагедија<ref>{{Harvnb|Schanzer|1963|loc=1}}; {{Harvnb|Bloom|1999|loc=325–380}}; {{Harvnb|Berry|2005|loc=37}}.</ref>, подолу во листата се обележани со двоен крст (‡)
 
Драми за кои се смета дека се делумно на Шекспир се обележани со крст (†). Останатите драми кои му се припишуваат се наречени апокрифни.
 
 
{{Col-begin}}
 
{{Col-3}}
 
; Комедии
 
{{Main|Комедиите на Шекспир}}
* ''[[Секое зло за арно]]'' (All’s Well That Ends Well) ‡
* ''[[Како што милувате]] / Како ви е арно така'' (As You Like It)
* ''[[Комедија на забуни]]'' (The Comedy of Errors)
* ''[[Со сила убавина не бидува]]'' (Love’s Labour’s Lost)
* ''[[Танте за кукуригу]]'' ‡ (Measure for Measure)
* ''[[Венецијанскиот трговец]]'' (The Merchant of Venice)
* ''[[Веселите жени од Виндзор]]'' (The Merry Wives of Windsor)
* ''[[Сон на летната ноќ]]'' (A Midsummer Night’s Dream)
* ''[[Многу врева за ништо]] / Од влакно ортома'' (Much Ado About Nothing)
* ''[[Перикле, принцот тирски]]'' (Pericles, Prince of Tyre) *†
* ''[[Кротењето на опаката]]'' (The Taming of the Shrew)
* ''[[Бура (драма)|Бура]] / Луња'' (The Tempest) *
* ''[[Ноќ спроти водици]]'' (Twelfth Night)
* ''[[Двајцата велможи од Верона]]'' (The Two Gentlemen of Verona)
* ''[[Двајцата благородни земјаци]]'' (The Two Noble Kinsmen) *†
* ''[[Зимска прикаска]] / Зимска бајка'' (The Winter's Tale) *
 
{{Col-3}}
 
; Истории
 
{{Main|Историите на Шекспир}}
* ''[[Животот и смртта на Кралот Џон|Крал Џон]] / Кралот Јован'' (King John)
* ''[[Ричард Втори (драма)|Ричард Втори]]'' (Richard II)
* ''[[Хенри Четврти, дел 1]]'' (Henry IV, Part 1)
* ''[[Хенри Четврти, дел 2]]'' (Henry IV, Part 2)
* ''[[Хенри Петти (драма)|Хенри Петти]]'' (Henry V)
* ''[[Хенри Шести, дел 1]]'' (Henry VI, Part 1) †
* ''[[Хенри Шести, дел 2]]'' (Henry VI, Part 2)
* ''[[Хенри Шести, дел 3]]'' (Henry VI, Part 3)
* ''[[Ричард Трети (драма)|Ричард Трети]]'' (Richard III)
* ''[[Хенри Осми (драма)|Хенри Осми]]'' (Henry VIII) †
 
{{Col-3}}
 
; Трагедии
 
{{Main|Трагедиите на Шекспир}}
* ''[[Ромео и Јулија]]'' (Romeo and Juliet)
* ''[[Кориолан]]'' (Coriolanus)
* ''[[Тит Андроник]]'' (Titus Andronicus) †
* ''[[Тимон од Атина]]'' (Timon of Athens) †
* ''[[Јулиј Цезар (драма)|Јулиј Цезар]]'' (Julius Caesar)
* ''[[Магбет]] / Макбет'' (Macbeth) †
* ''[[Хамлет]]'' (Hamlet)
* ''[[Троил и Кресида]]'' (Troilus and Cressida) ‡
* ''[[Крал Лир]]'' (King Lear)
* ''[[Отело]]'' (Othello)
* ''[[Антоние и Клеопатра]]'' (Antony and Cleopatra)
* ''[[Симбелин]]'' (Cymbeline) *
 
{{Col-end}}
 
{{Col-begin}}
 
{{Col-3}}
 
; Песни
* ''[[Сонетите на Шекспир]]''
* ''[[Венера и Адонис]]'' (Venus and Adonis)
* ''[[Грабнувањето на Лукреција]]'' (The Rape of Lucrece)
* ''[[Фениксот и грлицата]]'' (The Phoenix and the Turtle)
* ''[[Тагувањето на заљубената]]'' (A Lover’s Complaint)
 
{{Col-3}}
 
; Изгубени драми
* ''Love's Labour's Won''
* ''The History of Cardenio'' †
 
{{Col-3}}
 
; Апокрифни драми
 
* ''Arden of Faversham''
* ''The Birth of Merlin''
* ''Edward III''
* ''Locrine''
* ''The London Prodigal''
* ''The Puritan''
* ''The Second Maiden's Tragedy''
* ''Sir John Oldcastle''
* ''Thomas Lord Cromwell''
* ''A Yorkshire Tragedy''
* ''Sir Thomas More''
 
{{Col-end}}
 
{{Earlybard}}
 
 
 
== Наводи ==