Разговор за Википедија:Потпис: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
Во 1992 г. ги снимаат песните "Јас смрдам на лук" и "Рок агресор оро",
а во 1993 г. песната "Секси лексикон".

Рок Агресори во прво време настапуваа како дует,а во 1993 г. на бас гитара се приклучи Ристо Апостолов од групата "Водолија",а од 1995-1998 г. басист е Сашо Здравев-Ламбе.
Во тој период често настапуваа на ТВ и радио емисии и имаат концерти по градовите низ Македонија.

Во 1994 г. снимаат албум во Белград,којшто не беше издаден заради лошиот квалитет на снимките на повеќето песни.

Тогаш гостуваат на неколку радио станици во Белград и снимаат ТВ спот за телевизија Политика.
Во 1996 г. е издаден албумот "Ебена Антикултура" со текстови кои беа под влијание на преодот од еден систем-социјализам во друг систем,таканаречената "демократија" или повеќе пртиски систем.Албумот е микс од ангажирани текстови,текстови во кои се збори за лажниот морал и хумор песни.Песни коишто се издвојуваат од овој албум се:Мојата Партија,Сексуален Манијак,Рок Агресор Оро,Куртоазија,Јас смрдам на лук,Мери,Врати Ми ги парите,Барам Ништо,Ебена Антикултура...

Слушателите овоие песни стилски најмногу го доживуваа како панк-рок.

Во 2001 г. е издаден вториот албум "Хистерија" којшто стилски почнуваше како првиот албум,со ангажирани и хумор песни,за да на крај заврши со неколку песни коишто имаат мрачна и депресивна атмосфера.За песната "Никој Не Знае" во 2001 г. е снимен спот во режија на Владимир Петровски -Картер.Поважни песни:Вечно исти глупости,Хистерија,Дали можеш да ми кажеш,Побожни сме,побожни...

Во 2003,2004 г. единствениот член на бендот Фалус Агресор снима 4,5 песни кај Ристо Апостолов,со финансиска помош на Мичо Атанасиу,коишто се вртат по underground круговите,меѓу кои најслушана песна е "Чао Чао Пички".

И баш кога Фалус Агресор донесе одлука да биде тотален underground,
тој виде нов предизвик во домашниот Евросонг и во 2009 г. во студиото на Ристо Апостолов
ја сними и настапи со песната "Динг-Донг" и така оваа песна стана најголем комерцијален успех на Рок Агресори.

Потоа Фалус Агресор започнува соработка со Александар Ристовски-Принц,музичар со повеќе од 15 години искуство на домашната сцена,а во последно време успешен режисер на видео спотови на домашни и Балкански поп и рок изведувачи.

Во 2011 Рок Агресори повторно настапуваат на Евросонг со песната "Кукурику".

На 11 јуни 2012 г. е објавен третиот албум "Агресор Фискултура",којшто има 11 песни
(8 снимени во студиото на Александар Ристовски-Принц,за коишто Принц ги има отсвирено гитарите и клавијатурите и ги има направено аранжманите,и 3 снимени во студиото на Ристо Апостолов,којшто исто така ги има отсвирено гитарите и направено аранжманите - + 4 бонус песни од претходните два албума).

Исто така е снимен и нов видео спот за песната "Агресор Фискултура".

Назад на проектната страница „Потпис“.