Инерција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Додава hu:Tehetetlenség (mechanika)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Шаблон:Класична_Механика}}
'''Инерцијата''' (или '''тромавост''') е една од основните особини на сите тела во вселената што поседуваат [[маса]], односно масата е мерка за инертноста на физичките тела. Се опишува како отпор на секое физичко тело да ја смени состојбата од мирување во движење , или обратно , од движење во мирување. Ова својство се манифестира како спротиставување на телата на промената на состојбата на нивното [[Движење (физика)|движење]], што е опишано со [[Прв Њутнов закон|Првиот Њутнов закон]] (закон за инерција).
 
Во основа, за на телото да му се промени интензитетот, правецот или насоката на неговата [[брзина]], на тоа тело мора да дејствува [[сила]]. Треба да се забележи дека за промена на насоката на движењето не е потребна и промена на интензитетот (модулот) на брзината.
Ред 8 ⟶ 9:
 
[[Вектор]]от на инерцијалните сили секогаш е насочен во спротивна насока од векторот на забрзување на неинерцијалниот систем во кој ги забележуваме, а интензитетот се определува по формулата <math>\mathbf{}F_{in}=ma</math>. По својата природа, инерцијалните сили се масени (волуменски) сили (за разлика од контактните). Таквите сили го опфаќаат телото со целата негова маса (волумен), бидејќи дејствуваат на секоја негова честица; во суштина, начинот на дејствување на инерцијалните сили по ништо не се разликува од [[Гравитација|гравитациските сили]], освен по тоа што имаат различни причинители. Оваа нивна особина, [[Алберт Ајнштајн]] ја искористил за формулирање на својот [[принцип на еквивалентност]] на инерцијалните и гравитациските сили, кој претставува една од основите на неговата општа [[теорија на релативност]]. Некои инерцијални сили се од посебно значење во анализата на движењето, па затоа имаат и посебно име, на пример, [[центрифугална сила]], [[кориолисова сила]] итн.
 
== Извор на инерција ==
До сега нема ниедна прифатена теорија која го објаснува изворот на инерцијата. Обидите на физичарите како Ернст Мах , Алберт Ајнштајн , Денис Шиама и Бернард Хаиш добија лоша критика од теоретичарите.
 
[[Категорија:Класична механика]]