Препречна согласка: Разлика помеѓу преработките

с
нема опис на уредувањето
(Создадена страница со: {{начин на творба}} '''Препречна согласка''' '''опструент''' е согласка што се создава с...)
 
сНема опис на уредувањето
{{начин на творба}}
'''Препречна согласка''' ('''опструент''') е [[согласка]] што се создава со попречување (опструкција)<ref>{{маклек|опструкција|опструкција}}</ref> на воздушниот тек, предизвијувајќи зголемување на притисокот во говорниот апарат (на пр. како кај согласките {{МФА|[k]}}, {{МФА|[d͡ʒ]}} и {{МФА|[f]}}). Во [[фонетика]]та, [[начин на творба|творбата]] на гласовите се дели на две големи класи: препречни и [[гласник (фонетика)|гласници]] (сонанти).
 
Препречните гласови се творби што подразбираат затворње во говорниот апарат, запирајќи или сметајќи му на воздушниот тек. Можат да се поделат на [[избувна согласка|избувни]] (плозиви): п, т, к, б, д, г, со целосно затворање на гласовниот апарат, проследено од нагол испуст; [[струјна согласка|струјни]] (фрикативи), со делумно затворање, каде текот не целосно сопрен, туку се соочува со пречка што предизвикува струење; и [[слеана согласка|слеани]] (африкати), кои почнуваат со целосна преграда, но испустот им е налик на струјните. Прототипно, препречните согласки се безвучни, но често се среќаваат и звучни. По ова се разликуваат од гласниците, кои многу поретко се безвучни.