Носна согласка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
 
== Дефиниција ==
Акустички, носните согласки се [[гласник (фонетика)|гласници]] (сонанти), што значи дека не го ограничуваат текот на воздухот и истите речиси секогаш се звучни. Забележлив исклучок е [[Исландски јазик|исландскиот]] кој има четири безвучни носни гласови. (Споредете ги уснените избувни согласки (плозиви), кои сосема го попречуваат воздухот, и [[струјна согласка|струјните]]ите (фрикативи), кои го попречуваат воздухот со тесен провод. Избувните и струјните согласки се почесто безвучни отколку звучни, и како такви се нарекуваат [[препречна согласка|препречни согласки]] или опструенти.)
 
Меѓутоа носните се истовремено и избувни по нивната творба (артикулација) бидејќи текот на воздухот низ устата е сосема запрен. Ова двојство, гласничко струење низ носот заедно со препречување во устата, значи дека носните избувни согласки се однесуваат и како гласници и како опструенти. При акустички опис тие обично се сметаат за гласници , но во многу јазици тие можат да произлезат од или да се претворат во избувни согласки.
 
Акустички, носните избувни согласки имаат опсег на енергетска фреквенција од 200 и 2,000 Hz.