Зеленград: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
 
== Историja ==
Ако се разгледа неговото минато, ќе се забележи како тоа има необично „противречен„ историски развој. Самото име ЗЕЛЕНИГРАД несомнено е од словенско потекло и,најверојатно, го добило по тврдината ГРАДИШТЕ која се наоѓа до маалото Самари.Овој локалитет е во суштина рид кој стрмо се издига над левиот брег на Злетовска река.На врвот има остатоци од одбранбен бедем и остатоци од керамика. Судејки по откопаните питоси и монети, евидентно е дека во ова зеленоградско маало во римскиот период постоела населба.
Кога веќе, погоре стана збор за дисконуитетот во исторскиот развој на Зелени град не може, а да не се одбележи следното.Оваа населба не се појавува во средниот век.Ниту во една даровница, повелба на Деспот Оливер кој го дарува манастирот Лесново (додуша на едно место се спомува Пајаковица но,само како месност,а не и населба или маало)нема ништо за Зелени град.Додека соседните села Ратковица,Шталковица,Јамиште,Мушково,Марена,Бунеш,Глобица итн.се присутни.
Така, на пример,и во турските пописни дефтери од 1573 година Зелениград не се појавува како населба.Ако имало некаков живот на ова село, турските попишувачи не би го испуштиле од предвид.Селото Луково од другата, десна страна на Злетовска река во овој попис е зафатено и окваликувано како “ненаселено“.
Ако се знае дека во тој период потесниот и поширокиот атар на Зелениград е покриен со густа шума,( и 300 год. подоцна и Ѓорче Петров за ова село ќе забележи дека има 16 куќи кои се обични колиби) не е тешко да се претпостави дека населението кое,главно, се занимава со сточарство, од повеке причини,даноци,грабежи,насилија многу лесно го менуваат местото на живеење и подоцна се враќат на истото место.Меѓу другото, таа принудна изолација, во тие несигурни периоди им овозможува,на некој начин, и добри услови за егзистенција.
 
== Економија ==