Бертолт Брехт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
JackieBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Додава ast:Bertolt Brecht; козметички промени
Ред 30:
Брехт е епохален театарски работник на 20тиот век, и неговите постигнувања се подеднакво значајни како во драматургијата, така и во театарската продукција, особено преку сеизмичкото влијание на турите кои ги правел [[Берлински Ансамбл|Берлинскиот Ансамбл]] (''Berliner Ensemble'') - поствоена театарска компанија управувана од Брехт и неговата жена и долгогодишен соработник, актерката [[Хелен Вајгел]].
 
== Живот и дело ==
Студирал природни науки и медицина во [[Минхен]], но набрзо се посветил на театарот. По доаѓањето на нацистите на власт во [[1933]], заминува во странство. Во емиграцијата делува против [[нацизам|нацизмот]] и милитаризмот и тоа како драматург, писател и издавач. Во [[1948]] година се враќа во источен Берлин и го основа ''Берлинскиот Ансамбл''. Протестирајќи против неправедноста на современата цивилизација, Брехт започнал со тотална, анархистичка побуна, за подоцна да го прифати марксистичкиот поглед на светот, со кој е силно обоена целокупната негова општествена сатира.
 
За Брехт, театарот е место на политичко просветлување и агитација: Тој работи на развојот на новите облици на [[театар]] кои треба да го потикнат гледачите на размислување и делување. Таквиот театар е епскиот театар а [[V-ефект]]от (''Verfremdungseffekt'') значи разбивање на пречките помеѓу публиката и [[актер]]ите, како и идејата дека првите мораат да бидат пасивни, а вторите активни. Притоа, познатите работи се прикажуваат во ново светло и така упатуваат на контрадикторната стварност, додека делото по пат на коментари и музика се прекинува, што кај гледачот ја уништува секоја илузија.
 
== „Мајката храброст и нејзините деца“ ==
Драмата за Мајката Храброст по форма е хроника на едно семејство во триесетгодишна војна. Таа работи во кантина, а прекарот го добила поради едно себично-јуначко дело. Мајката Храброст се обидува да се одржи во живот себеси и своите деца, а тоа го прави со трпелива трговија и мудрост која вели „треба да се остане жив“. Ова е драма за тоа како преживува малиот човек, поема на нескротливата жед за животот под било какви услови, како иза неуништивата сила на мајчинството што го штити својот пород по секоја цена.
 
Филозофијата на Мајката Храброст е реална: бидејќи човек не може да влијае врз големите настани, не може да го менува светот, задача му е да го прави она што може - да преживее со доза на себична итрина. Но и покрај снаодливоста, Мајката Храброст ги губи редум сите свои деца. Со светот нема нагодување: малиот свет на семејството не може да се изолира, бидејќи секогаш зависи од настаните кои не може да ги контролира. Сепак, ликот на Мајката Храброст е толку човечен, што драмата ја надминува секоја теза. Иако Брехт свесно се стреми да создаде поучна анти-трагедија, тој создал една од натрагичните визии на нашето време.
Ред 44:
[[ar:برتولت بريشت]]
[[an:Bertolt Brecht]]
[[ast:Bertolt Brecht]]
[[bn:বের্টোল্ট ব্রেশ্‌ট]]
[[zh-min-nan:Bertolt Brecht]]