Варшавски договор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Image:Map of Warsaw Pact countries.png|thumb|280px|right|Земјите на Варшавскиот Пакт]]
'''Варшавскиот Договордоговор''' официјално наречен „Договор за пријателство, соработка и взаемна помош“ (руски: Договор о дружбе, сотрудничестве и взаимной помощи), познат и како '''Варшавски Пактпакт''', бил воен сојуз на социјалистичките земји од Централна и Источна Европа во периодот од 14. мај 1955. до 1. јули 1991. година. Договорот служел како противтежа од тнр. „Источен блок“ на потенцијалната закана од [[НАТО]]-пактот (тнр. „Западен блок“). Договорот бил потпишан во [[Варшава]] на 14. мај 1955. Договорот бил сличен на НАТО-договорот во смисла дека постоел Политички Консултативен Комитет раководен од цивилен генерален секретар, а покрај тоа постоел и заеднички воен заповедник и Мешовит Воен Штаб.
 
Сите социјалистички земји на Централна и Источна Европа освен [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија]] биле членки на Варшавскиот Договордоговор. Членките се обврзувале да се бранат меѓусебно во случај некои од нив да бидат нападнати. Договорот исто така обврзувал на немешање во меѓусебните внатрешни работи и меѓусебно почитување на националната независност и суверенитет. Оваа обврска подоцна де-факто ќе биде прекршена од Советскиот Сојуз ([[СССР]]) со интервенциите против демократските движења во Унгарија (1956.) и во Чехословачка (1968.). Во обата случаи СССР тврдел дека делувал на покана од засегнатите земји, и затоа формално договорот не бил прекршен.
 
По 1989., новоформираните демократски влади на Централно и Источно-Европските земји повеќе не биле заинтересирани за учество во Варшавскиот Договордоговор. На рака им одело и опаѓањето на моќта на СССР. По обединувањето на Германија во 1990., и другите земји најавиле отстапување од Пактот, и тој формално бил раскинат во 1991.
 
 
Ред 27:
Седиштето на Пактот било во [[Москва]]. Сите раководни структури на Пактот биле подредени на Комунистичката Партија на СССР, и ниедна акција не можела да се преземе без одобрение од Партијата.<ref>Arlene Idol Broadhurst. 1982. The Future of European Alliance systems. Westview Press.Boulder, Colorado P.151</ref>
 
[[Image:NATO vs Warsaw (1949-1990).png|450px|thumb|Границите на [[НАТО]] (сино) и Варшавскиот Договордоговор (црвено) за време на [[Студена војна|Студената војна]]. ]]
 
 
Ред 39:
 
 
Советскиот Сојуз тврдел дека создавањето на Варшавскиот Договордоговор било условено од влегувањето на Сојузна Република Германија (Западна Германија во тоа време) во [[НАТО]] во 1955. год. Договорот ја формализирал водечката улога на СССР во блокот на социјалистички држави и ги заменил претходните билатерални договори со меѓународна рамка.<ref>{{cite web |url = http://www.shsu.edu/~his_ncp/WarPact.html | title = Варшавски Договордоговор (англ.)}}</ref>
 
Во текот на 1956. за време на [[Унгарската Револуција]], владата на Унгарија, предводена од премиерот Имре Наѓи објавила дека Унгарија се повлекува од Пактот. Како одговор, Советските трупи влегле во земјата и го совладале востанието за две недели, употребувајќи го Варшавскиот договор како оправдание.
Ред 53:
По 1989. кога дошло до сериски пад на комунистичките режими, новоформираните демократски влади на Централно и Источно-Европските земји повеќе не биле заинтересирани за учество во Варшавскиот договор. Покрај тоа, на рака им одело и опаѓањето на моќта и влијанието на СССР.
 
На 24. септември 1990. Источна Германија (Германска Демократска Република) потпишала договор со СССР за прекин на членството во Варшавскиот договор, и на 3. октомври 1990. се обединила со Западна Германија (Федеративна Република Германија). По обединувањето на Германија, и другите земји најавиле напуштање на Пактот во јануари и февруари 1991. Така, на 1. јули 1991. во [[Прага]] земјите-членки потпишале договор за укинување на Варшавскиот Договордоговор.
 
На 12. март 1999. поранешните членки на Варшавскиот договор [[Унгарија]], [[Полска]] и [[Чешка Република |Чешката Република]] се придружиле на [[НАТО]]. [[Бугарија]], [[Романија]], [[Естонија]], [[Латвија]], [[Литванија]] и [[Словачка]] исто така се придружиле на НАТО во март 2004.