Македонска граматика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 1.042:
== Сврзници ==
{{Главна|Сврзници во македонскиот јазик}}
{{ExamplesSidebar|35%|
# Тој копал во нивава '''и''' видел зајак.
# Јас сакам да дојдам со вас на одмор, '''но''' не знам дали имам слободни денови.
# Ќе се видиме '''штом''' пристигнеш во Радовиш.
}}
 
Сврзниците во македонскиот јазик се службени зборови, односно нив ги употребуваме за поврзување одделни зборови во рамките на една реченица или повеќе реченици во една сложена реченица. При поврзувањето, сврзниците ги изразуваат односите меѓу зборовите или меѓу речениците, па така спротивен однос се изкажува со ''ама'' или ''но'', а условен однос со ''ако'' итн. Класификацијата на сврзниците се прави на три начина, односно едната класификација е според тоа дали сврзникот отсекогаш бил сврзник, како што се ''и'' или ''ако'', потоа дали сврзникот е добиен од друг збор, како што е сврзникот ''бидејќи'', и дали сврзникот е позајмен, како што е сврзникот ''ама''. Од друга стрна пак, сврзниците според нивната структура се делат на прости и сложени. Сепак, најважна класификација на сврзниците е според односот меѓу зборовите или меѓу речениците што ги сврзуваат. Според тоа, сврзниците се делат на две групи:{{ref|Opsta}}