Светлечка диода: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Менува it:Diodo ad emissione luminosa
сменети неколку грешки , надополнето и додадени наводи - само треба да се најде добар инфобокс
Ред 1:
'''Светлечка диода''', односно '''ЛЕД''' ([[англиски|анг]]: ''Light-emitting Diode'', ''LED'') е [[Електроника|електронски]] [[полуспроводник|полуспроводнички]] елемент кој емитувазрачи светло <ref>[http://www.thefreedictionary.com/LED]</ref>. ЛЕД се користат како индикатори во технички апликации, но се повеќе и како извор на светло.
Користени се како практична електронска компонента уште од 1962 , кога првите LED светеа со црвено слабо светло , додека новите модерни верзии се достапни со видливи , [[ултравиолетови и инфрацрвени бранови должини како и силна светлина. Кога светлечката диода е вклучена , електроните се комбинираат на дупките каде нема електрони во компонентата , и испуштаат енергија во вид на фотони. Светлечките диоди имаат голема предност пред другите светилки како помала потрошувачка , поголем работен век , помала големина , побрзо вклучување и потешко кршење. Ваквите диоди што можат да осветлат соба се често скапи и бараат прецизна струја и систем за спречување на прегревање. LED се користат за сигнализирање кај возилата , билборди , семафори и екрани. Светлечките диоди овозможија видео дисплеи , сензори како и брза комуникација особено кај инфрацрвените LED кои се користат во многу далечински уреди за контролирање на телевизори , DVD плеери и детски играчки.
 
== Историја на светлечките диоди ==
=== Почеток ===
Процесот на користење на електроните кои се комбинираат и испуштаат фотони , поточно [[електролуминисценција]] како феномен беше откриен во 1907 од Британскиот научник Хенри Џозеф Раунд <ref>H. J. Round (1907). "A Note on Carborundum". Electrical World 19: 309.</ref> , користејќи SiC (силикон карбид) и кристален детектор. Рускиот научник Олег Владимирович изјави дека ја создал првата светлечка диода во 1927. Неговото истражување беше пишувано во руски , германски и британски списанија , но немаше практична употреба за неколку декади.
=== Практична употреба ===
Рубин Браунштајн создаде инфрацрвена диода користејќи GaAs (галиум арсенид) и неколку други полуспроводници во 1995 <ref>[http://personnel.physics.ucla.edu/directory/faculty/braunstein/ Braunstain на ucla.edu]</ref>. Потоа направи инфрацрвена диода користејќи GaSb , GaAs , InP и SiGe на собна температура. Првата практична светлечка диода беше развиена во 1962 од Ник Холоњак кога работеше за General Electric Company. Ник се смета за „таткото на LED“ создавајќи ја првата ваква диода која зрачи видливо црвено сетло. До 1968 , и видливата и инфрацрвената LED беа многу скапи , од 200 американски долари по парче , па немаше практична употреба. Monsanto Company , беше првата организација која масивно почна да произведува видливи ЛЕД , користејќи го соединението галиум арсенид фосфид (GaAsP) во 1968 за да создаде диоди кои се добри да служат како индикатори. Hewlett Packard (HP) користеше диоди од 1968 со GaAsP од Monstanto Company. Технологијата беше доста успешна за дисплеи со букви и бројки и беше интегрирана во калкулаторите на HP.
=== Понатамошен развој ===
Првата масивна употреба беше заменување на неонските светла и дисплеите за прикажување бројки <ref>[http://www.datamath.org/Display/Monsanto.htm Прва употреба на компанијата Монсанто]</ref>. Како што технологијата за материјали беше понапредна , се создадоа нови бои како и посилна светлина. Во 2001 беа успешно направени светлечки диоди од галиум нитрид (GaN) што донесе многу силни штедливи диоди. Во 2011 , Жонг Лин Ванг од Инстутот за технологија во Џорџија откри дека пиезоелектричните ултравиолетови светлечки диоди можат да бидат поефикасни за 400% користејќи цинк оксид<ref>[http://gtresearchnews.gatech.edu/zinc-oxide-led-efficiency/ подобрување за 400% користејќи цинк оксид]</ref>.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Види исто така ==