Разлика помеѓу преработките на „Полноќно сонце“

Додадени 46 бајти ,  пред 8 години
с
r2.7.3) (Робот: Додава lb:Mëtternuechtssonn; козметички промени
с (r2.7.3) (Робот: Додава lb:Mëtternuechtssonn; козметички промени)
[[ImageПодатотека:Midnight sun.jpg|thumb|300px|right|Полноќно сонце во [[Нордкап]], [[Норвешка]].]]
[[ImageПодатотека:Altafjord01.jpg|thumb|300px|right|Фјордот Алта во [[Алта]], [[Норвешка]] на полноќно сонце]]
[[ImageПодатотека:Midnight sun in Kiruna.jpg|thumb|300px|right|Полноќно сонце во [[Кируна]], [[Шведска]]]]
 
'''Поларниот ден или полноќното сонце''' е природен феномен кој се случува во летните месеци на [[Географска ширина|географски ширини]] северно и јужно близу до [[Арктик|Арктикот]]от, како и јужно и северно близу до [[Антарктикот]] каде сонцето останува видливо и на полноќ по локално време. Во зависност од времето сонцето може да се гледа цели 24 часа без прекин, најчесто северно од Арктикот и јужно од Антарктикот. Бројот на потенцијални поларни денови во годината се зголемува како што се приближуваме до половите.
 
Нема постојани живеалишта јужно од Антарктикот, што значи бројот на земји и територии чии населенија имаат можност да го доживеат овој феномен е ограничен на оние низ кои минува [[Арктик|Арктикот]]от, како на пример: [[Канада]] ([[Јукон]], [[Северозападни Територии]], [[Нунавут]]), [[Кралство Данска|Кралството Данска]] ([[Гренланд]]), [[Финска]], [[областа Сапми (Лапонија)]], [[Норвешка]], [[Русија]], [[Шведска]], [[С.А.Д.]], [[Аљаска]] и краците на [[Исланд]]. Четвртина од територијата на [[Финска]] се наоѓа северно од [[Арктик|Арктикот]]от, а на најсеверната точка сонцето не заоѓа 73 дена во текот на летото. На [[Шпицбершки Острови|Шпицбершките Острови]], [[Норвешка]], најсеверната населена област во Европа, нема зајдисонце приближно од 19-ти април до 23-ти август. Најекстремни места се половите каде сонцето може да биде видливо и до половина година.
 
Спротивниот феномен, поларната ноќ, се случува во зима кога сонцето останува под [[хоризонтот]] во текот на целиот ден.
Поради прекршувањето на светлината, полноќното сонце може да се види на географски ширини малку под поларниот круг, но не за повеќе од еден степен (во зависност од локалните услови). На пример, можно е да се доживее поларен ден на [[Исланд]], иако поголемиот дел од него (Гримси (Grímsey) е позначителен исклучок)) е малку јужно од Арктикот. Дури и во северните краеви на [[Шкотска]] во овој период (и места со слична географска ширина) може да дојде до постојан самрак или светлина на небото.
 
== Временски зони и летно сметање на времето ==
За целите на овој напис поимот „полноќно сонце” се однесува на феноменот на 24-часовна сончева светлина северно од Арктикот или јужно од Антарктикот. Но, има некои други случаи кога се споменува „полноќно сонце”, иако тие всушност се поради промената на временски зони и [[Летно сметање на времето|летното сметање на времето]]. На пример во [[Фербенкс (Fairbanks), Аљаска]], кој се наоѓа јужно од Арктикот, сонцето заоѓа во 12:47 за време на [[рамноденица|летната рамноденица]]. Ова е поради тоа што Фербенкс (Fairbanks) е еден час пред неговата вистинска [[временска зона]] (поради промените со цел целата земја да биде во една временска зона) и поради тоа што државата Аљаска користи летно сметање на времето. Ова значи дека до [[соларна кулминација]] доаѓа околу 14:00 часот наместо како што е во повеќето места во 12:00 часот. Обратно, пак, до астрономска полноќ доаѓа во 02:00 часот. Во [[Бетел (Bethel), Аљаска]], кој се наоѓа јужно од [[Енкориџ]], сонцето, за време на летната рамноденица, од истите причини, заоѓа во 12:24 часот. Овие примери не се вистински феномени на поларен ден/полноќно сонце затоа што сонцето е под хоризонтот секој ден од годината во времето на локалната астрономска полноќ.
 
== Бели ноќи ==
 
Наместо ова, на местата со над 60 степени географска ширина кои се јужно од Арктикот или северно од Антарктикот доаѓа до полноќен [[самрак]]. Сонцето е на хоризонтот до 6 степени под хоризонтот, па дневни активности како читање се сѐ уште возможни без употреба на вештачка светлина доколку не е облачно.
Белите ноќи станаа познат симбол на [[Санкт Петерсбург]], [[Русија]]. Тие траат од 11 јуни до 2 јули и последните 10 дена од јуни се проследени со културни манифестации.
 
== Кога може да го видите полноќното сонце ==
[[FileПодатотека:Midnight sun dates svatlas.png|thumb|250px|Мапа која ги прикажува датумите на полноќно сонце на различни географски ширини (лево) и вкупниот број на ноќи.]]
 
Според [http://www.visitnorway.com/en/Articles/Theme/What-to-do/Attractions/Nature/The-magical-midnight-sun/ Visit Norway] полноќното сонце е видливо на [[Арктик|Арктикот]]от од 12 јуни до 1 јули. Колку се оди посеверно толку овој период е подолг.
 
Во [[Нордкап (Северен 'рт)]], Норвешка, познат како најсеверна точка во континентална Европа овој период трае од 14 мај до 29 јули. Северно, на [[Шпицбершки Острови|Шпицбершките Острови]] овој период трае од 20 април од 22 август..<ref>Trygve B. Haugan, ed. ''Det Nordlige Norge Fra Trondheim Til Midnattssolens Land'' (Trondheim: Reisetrafikkforeningen for Trondheim og Trøndelag. 1940)</ref>
 
== Влијание врз луѓето ==
 
На многумина им е тешко да заспијат навечер кога сонцето грее. Најчесто најголеми проблеми имаат посетителите и новодојденците. На мештаните исто така им е проблем, но во помала мера. Немање на ноќ долго време може да предизвика [[хипоманија]], која се одликува со постојана и честа промена на расположението и нервоза.
 
Ова може да предизвика симптоми на хиперкинетичко нарушување (Attention deficit hyperactivity disorder/ADHD), менувајќи го опсегот на внимание кај луѓето, кои мора да брзаат при кратката сончева светлина во ноќта и зголемувајќи ја избувливоста и хиперактивноста при постојана светлина.
 
Исто така, полноќното сонце претставува посебен предизвик за религиозните луѓе како Евреите, чии обичаи се засновани на 24-часовниот деноноќен циклус.
 
== Во филмовите и сериите ==
* Во филмот ''Несоница (Insomnia)'' и неговата американска преработка од 2002 г., главниот лик додека истражува убиство северно од Арктикот (Норвешка во оригиналот и Аљаска во преработката) има проблеми со несоница делумно поради полноќното сонце.
* Во епизодата ''Полноќното сонце (The Midnight Sun)'' од серијата ''[[Зона на самракот]] (The Twilight Zone)'' Земјата е на пат да се судри со сонцето предизвикувајќи го ефектот на полноќно сонце.
* Епизодата насловена ''Полноќно сонце'' од серијата ''[[Живот на север]]'' ги истражува последиците од феноменот кај жителите од едно мало село во Аљаска.
 
== Наводи ==
1. Lutgens F.K., Tarbuck E.J. (2007) The Atmosphere, Tenth Edition, page 39, PEARSON, Prentice Hall, NJ.
 
{{reflist}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.visitnorway.com/en/Articles/Theme/What-to-do/Attractions/Nature/The-magical-midnight-sun/ Visit Norway - Midnight Sun Page]
* [http://www.virtualtromso.no/en/panoramas-from-tromso/56-midnight-sun-seen-from-fjellheisen-cable-car.html Midnight sun seen from Fjellheisen Tromsø - 360 panorama]
[[Категорија:Астрометрија]]
[[Категорија:Природни појави]]
 
[[Категорија:Северен Пол]]
 
[[he:שמש חצות]]
[[lv:Polārā diena]]
[[lb:Mëtternuechtssonn]]
[[hu:Éjféli nap]]
[[nl:Middernachtzon]]