Вања Лазарова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Вања Лазарова''' (родена на [[27 април 1930]] во с. [[Страцин]], [[Кратово]]) е македонска пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика.<ref>{{cite web | url=http://www.promacedonia.org/mak_enc/encyclopaedia_macedonica_1.pdf/ | title=''Статија за ЛАЗАРОВА, Вања, Македонска енциклопедија, МАНУ 2009'' | publisher=МАНУ |
date=2009 | accessdate=14.07.2012}}</ref>
 
Извесно време работи во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „[[Танец]]“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на [[МРТ]]. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во [[Лондон]] пред британската кралица [[Елизабета Втора]] и премиерот Винстон Чрчил. Посебен придонес има во соработката со групата „[[Анастасија]]“ при создавањето на музиката за филмот „[[Пред дождот]]“ на [[Милчо Манчевски]]. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етно-музиката.
 
===Рано детство===
Вања Лазарова е родена во музички надарено семејство. Нејзиниот татко бил пратеник од времето на Кралството Југославија. По завршувањето на учителското училиште, станала играорка во „Танец“. Подоцна била учителка во оркестарот „Пеце Атанасовски“ каде на своите ученици ѝм ја пренесувала љубовта кон музиката.
===Музичка кариера===
Вања Лазарова пеела со различни фолк ансамбли. Била член на ансамблот на Македонската Радио и Телевизија, а има настапувано и со Македонската Филхармонија. Таа е првата македонска пеачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips. Добитник е повеќе интернационални музички награди.
 
Ред 13 ⟶ 14:
 
„Со маки сум се родила“, „Петро Петроленко“, „Многу ми го фалат бабо“, „Параходот ми замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Во ливаѓе ладен извор има“ се само некои од песните кои ги има отпеано и снимено.
 
==Надворешни врски==
* [http://www.mn.mk/makedonski-legendi/1094-Vanja-Lazarova---pesna-koja-ne-poznava-generacii-i-granici/ Интервју на „Македонска нација со Вања Лазарова“]
 
==Наводи==
{{Reflist}}