Варшавски договор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 51:
==Распад на Договорот==
 
По 1989. кога дошло до сериски пад на комунистичките режими, новоформираните демократски влади на Централно и Источно-Европските земји повеќе не биле заинтересирани за учество во Варшавскиот договор. Покрај тоа, на рака им одело и опаѓањето на моќта и влијанието на СССР.
 
На 24. септември 1990. Источна Германија (Германска Демократска Република) потпишала договор со СССР за прекин на членството во Варшавскиот договор, и на 3. октомври 1990. се обединила со Западна Германија (Федеративна Република Германија). По обединувањето на Германија, и другите земји најавиле напуштање на Пактот во јануари и февруари 1991. Така, на 1. јули 1991. во [[Прага]] земјите-членки потпишале договор за укинување на Варшавскиот Договор.
Ред 59:
По отворањето на архивите на Варшавскиот договор во Полска во 2006-та, се покажало дека плановите на Пактот при евентуална војна со НАТО биле преку молскавичен напад, по потреба и со нуклеарно оружје, брзо да се освои Западна Европа. Во самата Полска имало 250 нуклеарни проектили во доцните 1980-ти. Командантите на Варшавскиот договор речиси не планирале водење на одбранбена војна на сопствена територија.{{Fact|date=February 2008}}
 
По растурањето на Варшавскиот договор, во 2002. год., шест од наследничките на [[СССР]] - [[Белорусија]], [[Ерменија]], [[Казахстан]], [[Киргистан]], [[Русија]] и [[Таџикистан]], формирале слична одбранбена организација „Организација за Колективна Безбедност“.
 
 
 
==Референци==