Преднонепчена согласка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
 
==Особености==
Најчест вид на преднонепчени согласки е сеприсутната [[приближна согласка]] {{МФА|[j]}} ('''ј'''), која се вбројува во десетте најзастапени гласови во светските јазици. [[Носна согласка|Носната согласка]] {{МФА|[ɲ]}} ('''њ''') е исто така честа, и се јавува во околу 35% од јазиците,<ref>Ian Maddieson (со глава од Sandra Ferrari Disner); Patterns of sounds; Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3</ref> но, за разлика од македонскиот, во највеќето нејзината еквивалентна [[препречна согласка]] не е {{МФА|[c]}} ('''ќ'''), туку [[слеана согласка|слеаната]] {{IPAblink|t͡ʃ}} ('''ч'''). Само неколку јазици во северна Евроазија, Америка и средна Африка ги разликуваат преднонепчените избувни од задновенечни слеани согласки - како [[македонски јазик|македонскиот]], [[унгарски јазик|унгарскиот]], [[чешки јазик|чешкиот]], [[словачки јазик|словачкиот]], [[латвиски јазик|латвискииот]], [[турски јазик|турскиот]] и [[албански јазик|албанскиот]].
 
Согласките со други главни творби можат да се '''[[палатализација|палатализираат]]''' (омекнуваат)<ref>{{маклек|палатализација|палатализација}}</ref>, каде површината на јазикот се доближува до тврдото непце. На пример, македонското {{МФА|[ʃ]}} ('''ш''') има таков предонепчен дел, иако главната творба се образува со ставање на јазикот на горното непце (оваа творба се нарекува [[преднонепчено-венечна согласка|преднонепчено-венечна]] или „палатоалвеоларна“).