Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
=== Бугарска управа ===
 
Во [[9 век]], делови на Македонија потпаѓаат под бугарска власт. Тогаш, за да ја признае [[Бугарска православна црква|бугарската црква]], римскиот [[папа]] му наредил во [[866]] на бугарскиот цар Борис секој народ во неговата држава да избира свој епископ, а сите епископи да избираат архиепископ на Бугарија. Целото папско правило гласи: ''”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc.”''<ref>(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), стр.119-120)</ref>. Бидејќи северна и централна Македонија била под власта на Бугарија, само за тие области од македонската етничка територија, се избирал заеднички епископ од македонско потекло.<ref name="повепа">{{цитирана мрежна страница|url=http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=293&Itemid=84|title=Црквата во Самоиловото царство |accessdate=2011-02-04}}</ref> Но, тоа правило се почитувало дури од последната деценија на 9 век. Инаку, македонските склавинии кои биле под Византија, како на пример [[Драговитија]], си ги задржале своите епископи. Како последица на тоа, Бугарија ја спровела наредбата. Кон крајот на 9 век, бугарскиот [[Цар Борис I|цар Борис I]] ја одвојува Македонија како посебна единица со свои епископи кои не биле бугарски ни цариградски<ref>Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85</ref> и за управник на македонската автономна област го назначува [[Свети Климент Охридски|Св. Климент]].
 
Рускиот славист [[Туницкиј]] според [[Кратко житие на Свети Климент|Краткото житие на Св. Климент]] и [[Џуканжов список|Џуканжовиот список]] тврди дека македонските автономни области тнр. [[Кутмичевица]] ја зафаќале територијата на Македонија до [[Солун]] на југ, на запад до јадранскиот брег, додека северната граница не може авторот да ја определи<ref> (Ср. Воронов, Главнейшие источники, стр. 200. / Н. Туницкий, Св. Климент, стр. 177—182)</ref>. Св. Климент, македонскиот етнички простор го поделил на 12 околии <ref>(Н. Туницкий, пак таму, стр. 189—190)</ref>, каде официјален јазик и писмо бил словенскиот, а црковниот клир бил ослободен од плаќање даноци на Бугарија <ref>(Пространното житие, издание Туницки, гл. XVIII, § 58—59, стр. 170—121)</ref>.