Д’мбени: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
<!-- Ако имате податок, напишете го после знакот = -->
{{Инфокутија за село во Егејска Македонија|
| слика мапа=
Ред 7 ⟶ 6:
| популација=349 (2001)
| поштенски број=
| надморска височина=1077м1077
| географска широчина=40°34'60
| географска должина=21°8'60
Ред 13 ⟶ 12:
}}
 
'''Д’мбени''' (на [[Грчки јазик|грчки]]: Δενδροχώρι (Δενδροχώριον), Дендрохори) е село во [[Егејска Македонија]], денес [[Грција|Република Грција]], во Општина [[Кастраки]] (Κοινότητα Καστρακίου), [[Околија Костур]] (Νομός Καστοριάς).
 
== Етимологија ==
 
Уште од својот постанок, селото се викало Д’мбени, односно Дамбени според [[Македонски јазик|македонскиот литературан јазик]]. Со превземањето на [[Егејска Македонија]] под [[Грција|грчка]] административна управа по [[Прва балканска војна|првата балканска војна]] и по [[Прва светска војна|првата светска војна]], [[грци]]те го измениле името прво во Дембени, а со наредбата на грчката влада од 31 август, 1926, го добило името Дендрахорион. И ден денес се води под тоа име во Грција. Ова грчко име е всушност превод на македонското Д’мбени, што значи [[Македонски даб|даб]] - д’б и дендро - дрво. Дендрохорион, описно преведено, значи ''село во дабови дрвја''.
 
== Географиja и местоположба ==
{{Главна|Географија на Д’мбени}}
Селото се наоѓа 10км северно од градот [[Костур_(град)|Костур]] и 6км источно од центарот на општина [[Кастраки]], селото [[Косинец]] (Ιεροπηγή, Јеропиги).
Селото Д’мбени се наоѓа на 40° и 35’ [[северна географска ширина]] и на 21° и 9’ [[источна географска ширина]]. [[Релјеф]]oт му е [[Планина|планинско]]-ридски со мали [[Рамнина (географија)|рамнини]] и [[Котлина|котлини]]. Од север кон југ го сечат четири истечни води и суводолци и трапови. Одогенетскиот процес се развил во тријасот од [[Мезозоик|мезозојската ера]], па планините се издигнуваат од дното на некогашното море. Тогаш се формирал и динарко-пиндскиот планински систем кој му припаѓа на [[Малимади (планина)|Малимади]].
 
Тоа се наоѓа во северозападниот дел на [[Префектура Костур|костурската околи]] во Егејска Македонија. Расположено е на еден гранитен масив наречен Малимади, огранок на планината [[Вињари (планина)|Вињари]], во должина од 900 метри. Од градот [[Костур (Грција)|Костур]] е оддалечено околу 20 км, а од [[Билишта]], гратче што се наоѓа во [[Албанија]], околу 25 км. На север, преку планината Вињари, се граничи со селото [[Брезница (Костурско)|Брезница]]; на североисток преку планината Костолата се граничи со селата [[Габреш (Костурско)|Габреш]] и [[Дреновени]]; на исток, преку планините Тумба, Кирјака и Тројница, со селата [[Четирок]] и [[Света Недела (село)|Света Недела]]; и на запад, преку планината Уши, со селото [[Косинец]], а преку планината Арвенко и со селото [[Смрдеш]]. Сите овие села се населени со чисто [[Македонци|македонско]] население, со исклучок на [[Сливени]] (населено со [[Маџири]], доселеници од [[Мала Азија]]), додека селата Четирок и Света Недела се со мешано население - македонци и маџири.
 
== Клима ==
 
[[Клима]]та во Д’мбени е [[Умереноконтинентална клима|умереноконтинентална]] со [[Средоземно Море|медитеранско]] влијание. Зимите се благи, со многу снег, а летата топли и суви. Средната годишна температура е 15° [[Целзиусов степен|Ц]], а средната температура во јануари е околу 4° Ц. Најтопол месец е јули со просечна температура од 26° Ц.
 
Врнежите се нерамномерно распоредени во текот на годината. Најмногу дожд паѓа во пролет и есен и секогаш е придружен со силни ветрови и грмотевици. Годишно паѓаат од 600-900 мм врнежи на 1 м². Ветровите се претежно од неопределена насока бидејќи селото се наоѓа во подножје на планински полувенец. Најпознат и најчест е ветерот југо кој дува во зимските и пролетните месеци.
 
== Историja ==
{{Главна|Историја на Д’мбени}}
Селото Д'мбени има голема историска традиција, особено било големо учеството на жители од Д'мбени во [[Илинденско востание|Илинденското востание]], а подоцна и во редовите на СНОФ ([[Демократска армија на Грција|ДАГ]]) за време на [[Втората светска војна]] и [[Грчка граѓанска војна|Граѓанската војна во Грција]].
Се претпоставува дека Д’мбени е создадено по доаѓањето на [[турци]]те на [[Балкански Полуостров|балканскиот полуостров]]. Настанало од повеќе помали македонски населби што се наоѓале во негова близина. Така, источно од Д’мбени се наоѓало селцето Берик. Неговите жители биле чифлигари на жервенскиот бег; на југоисток се наоѓало селцето Горно Сливени чии жители биле чифлигари на сливенскиот бег; на југ се наоѓало селцето Сајново, а неговите жители биле чифлигари на четирскиот бег и на југоисток се наоѓало селцето Света Петка чии жители биле чифлигари на светонеделскиот бег. И до ден денес тие места, каде што биле селските населби, ги носат истите имиња.
 
=== Турско ропство ===
До [[1926]] година официјалното име на селото било Д’мбени (Δύμπενι or Ντέμπενι).
 
Д’мбени, иако било доста оддалечено од главните комуникациони патишта, не било поштедено од секојдневните напади, провокации и ограбувања од претставниците на турската власт. Д’мбени најповеќе страдало поради тоа што во негова близина имало села со [[Ислам|муслиманско]] население (Сливени, Четирок, Света Недела, [[Ошени]], [[Капешница]] и други од Четирското поле). Беговите најчесто ги одземале пасиштата по д’мбенските планини за нивните стада и ставале свои бачила.
;Легенда за селото
''Селото Д'мбени беше собрано од пет села: едното беше на косинската страна од пет-десет куќи, долу беше селото Арангел, потаму селото Свети Врач и селото Света Петка. Еден орач од селото Свети Брач си ораше и му избегале воловите. Почнал тој да трча по воловите и како што трчал одеднаш тие застанале. Кога видел таму - имало еден извор и околу него убави дмбја. Кога се стемнило отишол во Св. Димитрија и им рекол на селаните:
- Луѓе, aјтe да oјмe долу кaj изворо, таму има и многу дмбја, ќе можиме да се криеме и од Турците. Да се собериме сите пет села и таму да живејме!
Така сите села се собрале долу Kaj изворо''.<ref>ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР „МАРКО ЦЕПЕНКОВ" - СКОПЈЕ МАКЕДОНСКО НАРОДНО ТВОРЕШТВО
НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА КНИГА 1</ref>
 
=== Илинденско востание ===
== Економија ==
 
Формирањето на [[Македонска револуционерна организација|ВМРО]] во 1893 наишло на силен одглас кај македонското население во костурско. Д’мбенци масовно ја прифатиле организацијата и сестрано ја помагале. Првиот организатор на ВМРО во Костурско бил учителот Апостол Димитров од Д’мбени. На 24 август, 1903, востаниците под команда на [[Лазар Поп-Трајков]] воделе борба со илјаден турски аскер. Во тој период турскиот аскер го разрушил селото и го уништил. Од 276 куќи, уште повеќе плевни, кошари и други помошни простории, останале само 3 куќи. Бидејќи населението било надвор од селото, на 12 септември, 1903, аскерот убил 10 старци кои останале во селото. Поради пустошот, по враќањето, д’мбенци морале да ја преживеат зимата, 1903/1904, во импровизирани живеалишта. Поради тешката состојба, над 170 мажи се иселиле во странство на печалба.
 
=== Грчко-Турска војна ===
 
За време на војната, [[Грција]] извршила општа мобилизација и во [[Егејска Македонија]]. Во тој период од Д’мбени емигрирале 42 лица. Оние кои останале во селото биле принудени да учествуваат во војната. Од ова село, во војанта, се бореле 40 селани. Од нив, во Мала Азија, загинале 7, а тешко ранет останал еден војник. Неуспехот на грчкиот ескпанзионизам, грчаката власт, го одразила и на македонските војници. На сите оние кои имале поголем чин, истиот им бил одземен и сите македонци биле испратени во логори на принудна работа, сè до демобилизирањето.
 
По неколку години од [[Грчко-турска војна (1919-1922)|Грчко-турската војна]], грчката власт наредила во сите села да се подигнат споменици за одбележување на имињата на паднатите борци од истото село. Таков споменик бил напрвен и во Д’мбени, на местото Голем Рид, на кого биле испишани имињата на седуммината загинати војници.
 
=== Втора светска војна ===
 
Во есента, 1939, била извршена делумна мобилизација. Д’мбени се наоѓало меѓу првата и втората одбранбена линија и поради тоа, во 1939, во селото бил страциониран еден [[батаљон]] на грчката армија. Во борбата против [[италија]]нскиот окупатор учествувале 99 д’мбенци на страната на грчката војска. При бомбардирањето од страна на Италија, во Д’мбени била уништена 1 куќа, како и убиени две жени и една ранета.
 
Со омасовувањето на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]], во јули, 1941, бил формиран реонски комитет за западниот дел на [[Префектура Костур|костурската околија]] со седиште во Д’мбени. За секретар бил избран Илија Љочков. Организацијата најмногу придонела во снабдувањето со оружје на комунистите, како и обезбедување на две радија на батерии.
 
На 1 ноември, 1941, специјалниот италијански батаљон за чистење на комунисти, на чело со капетанот Де Примо, го обиколил селото Д’мбени. Следниот ден, наутро, биле повикани селаните на плоштадот на селото и мажите биле затворени во училиштето. Во Д’мбени се носеле мажи од сите соседни села за да бидат испрашувани. Два месеци окупаторите останале во селото и биле уапсени 26 комунисти, 46 д’мбенци и 60 д’мбенки кои биле однесени во затворот во Костур. Италијанскиот врховен суд осудил 10 д’мбенци на смрт со стрелаље.
 
Во текот на [[Народноослободителна борба во Егејска Македонија|народноослободителната борба на Грција]], сите жители на Д’мбени биле опфатени во антифашистичките организации: [[Национално ослободителен фронт (Грција)|ЕАМ]], КПГ, [[ОКНЕ]], [[Славјаномакедонски народноослободителен фронт|СНОФ]], ЕОПН, АЕТОПУЛА (пионери) и го помагале движењето морално, материјално и со директно учество. По ослободувањето на селото од страна на единиците на [[ЕЛАС]], во втората половина на 1943, била воспоставена народна власт. Во ноември, истата година, по втор пат бил избран народноослободителниот одбор. Претседател на вториот одбор бил Ставро Имбров.
 
== Занимање на населението ==
 
Секое семејство чувало по една до две мазги или магариња за превоз и по еден до два вола за орање; по една или повеќе крави, 15-30 кози, а домаќинствата кои се занимавале главно со сточарство чувале и преку 300 овци. Крупниот добиток се пасел во две стада: едното за калаченската маала, а другото за каменската маала. Истото било и со козите, телињата и свињите. Пасачите на добиток се пазареле секој [[Митровден]]. Спогодбата се вршела кај чешмата помеѓу претставниците од секое семество и заинтересираните пасачи. Пасачите на добиток биле, главно, мажи кои немале ниви или не се занимавале со [[земјоделство]].
 
Поради варовните ридови и планини, во селото послабо успевале [[Фуражни култури|житните растенија]]. Затоа, само на подобрите ниви се сеело [[пченица]] и [[пченка]], а послабите ридски и каменести ниви се посадувале со [[’рж]], [[овес]], [[уров]], леќа и друго. Поради големата покриеност на планините со плодни дрвја, селаните ги користеле плодовите за тргување и за домашна употреба.
 
Во Д’мбени од секогаш било развиено и [[лозарство]]то. Лозјата, главно, ги задоволувале потребите на домаќинствата, односно се користеле за правење [[вино]] и [[ракија]].
 
Во селото имало и: дуќанџии, кафеани, чевлари, шивачки, столарски работници, бочвари, слаткарници, браварници, самарџии, лимари, бербери и др.
 
== Демографија ==
.<ref>[http://knigite.abv.bg/vk/vk_2_43.htm Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.]</ref> Во [[1913]] година селото броело 1207 жители, а во [[1920]] - 944. Според пописот од [[1928]] година имало 866 жители, а оној од [[1940]] покажува 794 жители. Во [[1945]] година во него живееле 780 [[Македонци]]. Во [[1948]] година е наполно уништено и сите негови жители се иселуваат. Подоцна во него се заселени [[Власи]] од [[Епир]].
 
=== Имиња и презимиња ===
 
Со потпаѓањето на егејскиот дел на Македонија под административна власт на Грција, а посебно со диктатурата на [[Јоанис Метаксас|Метаксас]] од [[1936]], им било наредено на македонците да ги променат своите имиња со грчки. Поповите го вршеле прекрстувањето и ги внесувале во регистрите, а новороденчињата не ги примале доколку, претходно, родителите не го кажеле името на грчки. Прекрстувањето било на следниов начин: Трпо се прекрстувал во Трифунас, Цвета во Антула, Стојанка во Иоана, Лина во Амалија, Ванчо во Иоанис, Насо во Атанасиос, Живко во Зисис, Дафина во Дафни, Лена во Елони, Крсто во Ставрос итн. Презимињата биле менувани на сличен начин, односно: Трповски во Зисијадис, Шерков во Шекропулос, Караџов во Каразас, Шмагранов во Смагранис, Ангелков во Ангелкопуслос, Шимбов во Симбас и сл. Тоа значи дека на крајот на презимето редовно се додавале наставките: -ос, -ас, -ис, -у, -ну, итн.
 
== Религија ==
 
Сите д’мбенци биле [[Православие|православни]]. Во селото имало 4 попа. Имало три цркви: „Св. Никола“, подигната на местото Д’мбо; „Св. Димитрија“, подигната во центарот на селото; и третата била изградена надвор од селото. Тоа бил манастирот „Св. Петка“ кој се наоѓал на место каде што некогаш имало населба. Секоја година, во манастирот „Св. Петка“, се одржувал панаѓур на кој доаѓале луѓе од сите околни села (Косинец, Света Недела и Четирок). За манастирот и неговиот имот се грижеле калуѓери кои таму живееле.
 
== Општествени институции ==
 
=== Образование ===
 
Првото училиште во Д’мбени било подигнато до црквата „Св. Димитрија“. Во 1903, со нападите на аскерот, изгорело и училиштето. По обновувањето на селото д’мбенци го обновиле и истото и направиле поголемо училиште со 5 училници и други потребни простории. Поради нараснувањето на популацијата на селото, од 1935 до 1938, со свои средства, селаните подигнале големо училиште со седум училници, сала за состаноци и приредби, кабинети, други придружни простории и уредиле голем двор. За време на [[Грчка граѓанска војна|граѓанската војна во Грција]], во училиштето била сместена грчка полиција и единици на грчката армија, од каде што и даваа отпор на [[Демократска армија на Грција|ДАГ]]. На 21 јуни, 1948, заедно со селото, изгорело и училиштето.
 
Повеќето д’мбенци имале завршено учителска школа. Некои од нив учествувале во подучувањето во родното село. Во турскиот период такви биле: Кирјако Трпковски, Јото Шекров, Јорго Деловски, Лазар Поптрајков, Ѓело Шекров, Лазо Москов, Дана Москова, Доча Трповска и други. Наставата ја изведувале на македонски јазик - костурски говор.
 
== Културни и природни знаменитости ==
 
=== Топоними ===
== Редовни настани ==
 
До последното потполно уништување на селото, сите планини, реки и места имале македонски имиња. Д’мбенски топоними се: Малимади, Вињари, Арвеникот, Костолата, Калето, Тровица, Уши, Арангела, Света Петка, Плочите, Ливадјето, Злостана, Котлињата, Попова Глава, Трна, Бојовица, Скрчиците, Чешки, Леска, Лазиња, Рудињата, Герови Кории, Галов Сад, Јанилова Глава, Пандарница, Ридо, Голем Рид, Дренче, Рото, Маркова Нога, Рамнините, Козмово, Белите Камички, Николино Орејче, Маново, Новите Нивје, Широк Пат, Четирско, Бочкарово, Чрнио Пен, Шипурка, Сливенско, Широко Ротишче, Бора, Манково, Кораљач, Долна Локва, Јанов Рид, Коблица, Неор, Кочови Кории, Иличина чешма, Крстов бунар, Забранетото, Мостот итн.
 
Во последниот период од постоењето на селото, грчката власт почнала поретко да ги менува имињата на местата на грчки, аналогно на македонските. На пример, месноста Јанилова Глава била преименувана во Јанито кефали, Широк Пат во Плами Дромо, Ридо во Лофод итн., но без никако успех бидејќи не можеле да најдат соодветни грчки имиња и бидејќи населението ги знаело и ги именувало на македонски. Македонските имиња на топонимите останале сè до постоењето на селото и на македонското население во него.
 
=== Куќи и покуќнина ===
 
Куќите во Д’мбени биле од приземје и кат, два ката, а некои имале и по три ката. Претежно биле градени од камен, а покриени со керамиди кои биле произведени во селото или од во селата Четирок и Грабеш. Сите имале фасади, а над вратите и прозорците најчесто имале разни бордури од гипс: грбови во семејни монограми и дати на градбата. Внатре, собите, имале патос од штици. Скоро сите, од внатрешната страна, имале вградени плакари кои служеле за чување на постелнината и друго. Секој куќа имала двор, соѕидан со повисоки ѕидови и широка порта за влегување. Во дворот имало помошни простории како авур за чување на крупен добиток, фурна за печење леб, котар за свињите, летна кујна и друго.
 
Распоредот на просториите, главно, бил функционален во зависност од активноста на семејството. Една просторија во приземјето, најчесто, служела за чување на прехранбени продукти. Таа се викала керал. Втората просторија била кујна или секојдневна соба, додека другите служеле за спиење, а редовно имало и по една соба за прием на гости. Подот од собите бил послан со черги или килими изработени од жените во селото. Во спалните соби имало дрвени или железни кревети послани со волнена постелнина, а прозорците имале пердиња изработени од жените или донесени од печалба. Затоплувањето на просториите се вршело со ѕидни огништа (постар вид на камин) во кои се ставале дрва, а за осветлување користеле газиени ламби.
 
=== Носија ===
 
Носијата во Д’мбени до илинденското востание, претежно, била од домашна изработка. Со развојот на печалбарството настанале и измени во народната носија. Всушност се променил и начинот на живеење.
 
*''мажите'' носеле: волнени чорапи, ѓурдни, шалвари, бели ткаени кошули и плетени капи или качкети,
*''жените'' носеле: рачно плетени волнени чорапи, волнени ткаени фустани до под колена со староградски крој, шајзи кои биле украсени по рабовите со разнобојни гајтани, на градите биле украсени со полка од кадифе, ткаени скутници во разни бои, црна или бела шамија.
 
== Прослави и обичаи ==
{{Главна|Прослави и обичаи во Д’мбени}}
Најмасовно во Д’мбени се празнувале празниците [[Божиќ]] (Крачун) и [[Велигден]], потоа славите и имендените. Тогаш се прекинувале секојдневните работи за да се посетат роднините и пријателите. На овие празници и слави доаѓале до израз облеката, уредноста и гозбата.
 
== Личности ==
Ред 48 ⟶ 120:
* [[Васил Пујовски]] - македонски писател.
* [[Евдокија Фотева - Вера]] - партизан
 
== Култура и спорт ==
 
== Иселеништво ==
{{Главна|Иселеници од Д’мбени}}
До [[Втората Светска војна]] иселеништвото било главно во правец на [[Бугарија]] (околу 50 фамилии) и [[Америка]]. По уништувањето на селото за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) сите негови жители пребегале во тогашна [[СРМ|НР Македонија]] ([[Југославија]]) и другите социјалистички држави од источниот блок (претежно [[СССР]], [[Полска]] и [[Чехословачка]]).
До [[Втората Светска војна]] иселеништвото било главно во правец на [[Бугарија]] (околу 50 фамилии) и [[Америка]]. По уништувањето на селото за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) сите негови жители пребегале во тогашна [[СРМ|НР Македонија]] ([[Југославија]]) и другите социјалистички држави од источниот блок (претежно [[СССР]], [[Полска]] и [[Чехословачка]]).
 
 
== Наводи ==
{{reflistнаводи}}
 
== Користена литература ==
 
*''Костурското село Д’мбени'', Лазо Поп-Јаневски, АУРОРА - Скопје, 1996.
 
== Надворешни врски ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Д’мбени