Еден Азар: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
бришење шаблон |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 2:
{{викификација}}
'''Еден Азар''' (
Хазард е син на поранешните белгиски фудбалер и фудбалерка, Карин и Тиери Хазард и ја започна својата фудбалска кариера во Белгија играјќи за локалните клубови Ројал Стад Брајон и Тубице. Во 2005 година, тој го прифати предизвикот од Франција преминувајќи во прволигашот Лил. Хазард помина две години во младинската Академија на тимот, и на возраст од 16 години дебитираше во првиот тим во Ноември 2007. Во неговата прва целосна сезона како стартер, ја доби наградата Најдобар млад играч на годината од фудбалската унија на професионални фудбалери во Франција (УНФП), со тоа станувајќи првиот не-француски играч кој ја има добиено оваа награда. Во сезоната 2009-2010, Хазард повторно ја освои наградата, и со тоа стана првиот играч кој ја освоил оваа награда двапати. Тој исто така беше именуван во најдобриот тим на годината во лигата. Откако дебитираше во тимот во 2007, Хазард стана составен дел од тимот под раководство на менаџерот Руди Гарсија забележувајќи над 160 настапи. Во сезоната 2010-2011, тој беше дел од тимот на Лил кој ја освои двојната круна во Франција, Првенството и Купот, и како резултат на неговите настапи тој беше прогласен за најдобар играч во првенството од Унијата на професионални фудбалери (УНФП) и со тоа стана најмладиот играч кој ја освоил оваа награда.
|