Разлика помеѓу преработките на „Македонски народни носии“

Ставање фотографии.
(Ставање фотографии.)
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Nosija egej.jpg|thumb|Македонска народна носија од [[егејска Македонија]].]]
[[Податотека:Makedonski Nosii 2.jpg|thumb|250px|лево|Македонски народни носии.]]
{{Македонски фолклор}}
'''Народните носии во Македонија''' имаат вековна традиција. Тие се дел од материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Создавани како колективна придобивка на сиот [[Македонци|македонски народ]], тие во долга низа години се пренесувале од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од [[Балкан|Балканот]]. На најстариот културен слој - старобалканскиот, како и на традициите на цивилизациите на стара [[Грција]], се надоврзува културата на облекувањето на старите [[Словени]], кои во силните налети од V до VII век го населуваат овој дел на Балканскиот полуостров. Во понатамошните културни текови се надоврзува влијанието на [[Византија|византиската цивилизација]], како и силниот уплив на турско - ориенталните елементи, па сè до најновите струења од запад.
 
[[Податотека:Makedonski Nosii 2.jpg|thumb|250px|лево|Македонски народни носии.]]
 
Во долготрајниот процес на оформување на народните носии во Македонија учествува сиот македонски народ - творец и создавач на народните носии. Во нивното оформување се одразени разните историски, општествени, економски и културни настани. Различните културни влијанија низ вековите, во различни историски епохи, се примани во народните носии, преработувани со творештвото на народното сознание, прилагодени на народниот бит и начин на живот, развиени и усовршени со народните естетски сфаќања. Така се создале народните носии во Македонија како израз на народните колективни, естетски и психички диспозиции.
* '''Западномакедонски тип'''
* '''Источномакедонски тип'''
[[Податотека:Zapadno makedonski.jpg|thumb|Носија од [[западна Македонија]].]]
Кон првиот тип, во најголема мера припаѓаат носиите од Горно – вардарската, Дебарско – реканската и Брсјачката етнографска целина со следниве карактеристики:
* Горни бели клашнени облеки, со богата декорација од гајтански апликации (црни, црвени, срмени), украси со срмен терзиски [[вез]], со апликација од чоја, со волнени рески и сл.
Кон истошномакедонскиот тип припаѓаат носиите од средно – вардарската подгрупа, Шопско – македонската, Струмо – местанската и Јужномакедонската етнографска целина, со следниве карактеристики:
* Горни облеки (машки и женски) во потемен колорит (од црн, темносин или во сура боја шајак), облеки од пругаста лито ткаена волнена ткаенина алаџа и антерија. За разлика од западномакедонскиот тип украсувањето е во поскромен обем, главно со волнени гајтански апликации, индустриски ленти, ширити и др
[[Податотека:Albert kan-1.png|thumb|300px|left|Првата слика (во боја) од македонска носија од егејскиот дел сликана од францускиот банкер Алберт Кан.<ref>[http://www.albertkahn.co.uk/index.html Убавиот свет на Алберт Кан - BBC]</ref>]]
* Горни женски платнени облеки саи, главно бели, како и сино бојосани
* Долни облеки (машки и женски) од коноп, лен, памук или од платно во пруги со кенари. Во декорацијата на женските кошули и саи важно место има вткаената орнаментална декорација ткаена во техника пребир – шар на разбој или вез на разбој; украсувањето со вез по карактер и везачки техники значително отстапува од геометрискиот дух карактеристичен за везената декорација кај облеките од западномакедонскиот тип; на места отсуството на везена дкеорација е заменето со украсување од рачно плетени полихромни тантели во турско – ориентален дух
 
== Технолошко креативни постапки, категории и дисциплини ==
[[Податотека:Ang119.gif|thumb|left|Македонски вез.]]
{{Историја на македонскиот народ}}
При обликувањето на народните [[носии]] главото место го имала жената – селанка, бидејќи целокупната активност речиси ја имала самата таа почнувајќи од предавањето на суровините, бојосувањето на преѓата, изработката на ткаенините,конструкцијата на кројот, шиењето до украсувањето и китењето. Во оваа насока неспорно важна улога имала и појавата на специјализираните мајстори – терзии, кои главно ги изработувале и украсувалегорните облеки, додека локалните занаетчии – конјунџиите го изработувале накитот.
 
== Ткаеници ==
[[Податотека:Prilepska nosija.jpg|thumb|Носија од [[Прилеп]].]]
Интегритетот на технолошкото и креативното, основна карактеристика на ракотворната дејност, присутен во сите фази од процесот на обликување на народните носии, е посебно изразен кај орнаментираните ткаенини – скутините. Ткаенини во правоаголна форма, дел од нив обликувани од една дипла или обликувани од две хоризонтални или вертикално соединети дипли, најчесто орнаментирани со вткаена орнаментална декорација уште при самиот процес на ткаењето, сами по себе представуваат посебни декоративни изработки со впречатлива убавина. Како елементарен и задолжителен дел од составот на женските носии,а кај помал дела кај машките носии со својата правоаголна форма и централното место што го имаат во однос на другите облековни делови, на визуелен план имаат важна улога во физиономијата на определена носија. Со евединтна практична и естетска функција, широката намена на разни возрасти и прилики, во составот на македонските народни носии, тие се застапени во бројни варијанти, со најразличен декоративно – орнаменталентретман и ликовно – естетски ефект.Г еометрискиот орнаментален третман условен од ограничените ткајачки техники е присутен кај сите скутини, од оние со најмали, до оние со најголеми димензии, каков што е случајот со рустичната прилично масивна скутина ‘’’чултар’’’ од [[Прилепско – битолско Поле]].
Во зависност од локалната традиција на определена општествена средина, кај некои од овие толку карактеристични ракотворби покрај доминантна вткаена орнаментална декојација, своја улога, во прилог на декоративноста, имаат и други дополнителни украсни елементи:
188

уредувања