Call of Duty: World at War: Разлика помеѓу преработките

Додаден 2.891 бајт ,  пред 9 години
дополнување
Нема опис на уредувањето
(дополнување)
{{Infobox VG
|title=Call of Duty: World at War
|image = [[Податотека:Call of Duty 5World coverat artWar cover.PNG|250pxpng]]
|caption = [[Северна Америка|Северноамерикански]] омот
|developer=[[Treyarch]]<br />[[Certain Affinity]] <small>(некои мапи за групно играње и дополнителна работа)</small>
|publisher = [[Activision]]
|designer = Маргарет Танг
|}}
 
'''''Call of Duty: World at War''''' (исто така нарекувана Call of Duty 5 или World at War, и скратено CoD: WaW или WaW) е [[Пукачка видеоигра|пукачка]] [[видеоигра]] [[Пукачка игра од прво лице|од прво лице]] изработена од ''[[Treyarch]]'', издадена од ''[[Activision]]'' за [[Личен сметач|компјутер]], [[PlayStation 3]], [[Wii]] и [[Xbox 360]]. Ова е петтата игра од серијалот ''[[Call of Duty]]'' и ја враќа приказната на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], откако претходната игра, ''[[Call of Duty 4: Modern Warfare]]'', имаше модерна приказна. Играта е издадена на 11 ноември, 2008 во [[Северна Америка]], а во [[Европа]] на 14 ноември, 2008. Основана е на подобрена верзија на [[Играчки погон|погонот]] од ''Call of Duty 4'' изработен од [[Infinity Ward]], со подобрени звучни и визуелни ефекти.
 
== Гејмплеј ==
=== Преглед ===
 
Гејмплејот на ''World at War'' содржи неколку карактеристики од претходните игри од серијалот. Играчот се бори заедно со компјутерски контролирани сотимци. Во текот на мисиите тие можат да го штитат играчот, да убиваат непријатели и да ги чистат собите за влез. Враќањето во [[Втора светска војна|Втората светска војна]], ре-прикажува оружја и технологии кои се видени во претходните изданија на ''Call of Duty'', вклучувајќи ги [[Thompson (автомат)|автоматот Thompson]], пушките [[M1 Garand]] и [[Mosin-Nagant]], како и против-тенковскиот ракетен фрлач [[Панзершрек]]. Играчот може да ги користи овие оружја во текот на играта, но со себе најмногу може да носи две оружја, заедно со четири гранати. Играчот може да ги земе оружјата и муницијата од мртвите непријатели или сотимци, и да ги замени со други оружја од својот арсенал. Исто така, има и додатоци за оружјата, како фрлач на гранати, телескопски нишан и бајонет.<ref name="strategy guide">{{cite book |title=Call of Duty: World at War Signature Series Guide |date=2008-11-16 |last=Denick |first=Thom |publisher=[[Brady Games]]|isbn=074401056 }}</ref>
 
Играчот може да ги заземе овие три позиции: стоечка, клечечка и лежечка; секоја од нив, различно влијае на брзината на движење, прецизноста и прикриеноста. Кога играчот е погоден, аглите на екранот зрачат црвено и срцевиот притисок се зголемува. Здравјето се регенерира со текот на времето. Кога играчот е во смртоносниот радиус на гранатата, на екранот се покажува нејзината дирекција, помагајќи на играчот да одлучи дали ќе избега или пак, ќе ја врати назад кон непријателот.<ref name="strategy guide" />
 
== Конфигурација ==