Архитектура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
 
Според Витрувиј, архитектот треба да се стреми да ги исполни овие три својства, колку што е можно повеќе. Леоне Батиста Алберти, кој во неговата студија De Re Aedificatoria разработува идеи на Витрувиј, ја гледа убавината првенствено како прашање на пропорција, иако, и декорот игра улога. За Алберти, законите за пропорција биле оние кои ја обликувале идеалната човечка фигура, златна средина. Затоа, најважниот аспект за убавина бил составен дел од предметот, а не нешто што само површно се применува; и се базирал на универзални, препознатливи вистини. Идејата за стилот во уметноста не била развиена се до 16-от век, со пишувањето на Вазари. До 18 век, студиите биле преведени на италијански, француски, шпански и англиски јазик.
[[Податотека:KillarneyCathedral840Killarney Cathedral by Paride.jpgJPG|thumb|left|''Катедралата St. Mary во Killarney, дизајнирана од A.W.N. Pugin''.]]
 
Во почетокот на 19 век, Август Велби Нортмор Пугин ја напишал “Контрасти” (1836), која, како што сугерира насловот, прави контраст на модерниот, индустријализиран свет кој го потценува, со идеализираната слика на нео-средовековен свет. Пугин сметал дека готската архитектура била единствената “вистинска христијанска форма на архитектура“.