Кристофер Колумбо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
По 29 денови без да видат копно, на [[7 октомври]], [[1492]] (запишано во бродскиот дневник), посадата приметила птици како летаат накај запад и веднаш го променила правецот за да ги следат птиците накај копното.
 
Копното било конечно забележано во 2 по полноќ на [[12 октомври]] од морнарот [[Родриго де Триана]] (исто познат како Хуан Родригез Бермехо) на бродот „Пинта“.<ref>Клементс Р. Маркам, изд., ''[http://books.google.com/books?vid=OCLC03615973&id=HHIMAAAAIAAJ&pg=PA35 Дневникот на Кристофер Колумбо (за време на Неговото Прво Патување, 1492-93)]'', Лондон: Оптеството Хаклујт, 1893, стр. 35.</ref> Колумбо го нарекол островот „Сан Салвадор“ (денешните [[Бахами]]), и покрај тоа што домородците го нарекувале [[Гуанахани]]. Сеуште не се знае кој од бахамските острови бил островот на којшто Колумбо се истоварил. Претпоставките се [[Самана Ки]], [[Плаја Ки]], или [[Сан Салвадор]] кој во 1925 бил наречен така бидејќи се верувало дека токму тој бил островот на којшто Колумбо прв стапнал на копно. Домородците на кои што наишле, [[Лукајанци]]те, [[Таини]]те, или [[АравакиАраваци]]те биле мирољубиви и пријателски расположени. Колумбо ги надгледувал домородците и како тие живееле.
 
Колумбо стигнал и до северно-источниот брег на [[Куба]] на [[28 октомври]] а подоцна, на [[5 декември]] и на северниот брег на [[Хиспањола]]. Таму, на утрото на Божиќ, 1492, „Св. Марија“ се насукал и бил напуштен. Колумбо бил пречекан од домородците кои му дале дозвола да остави некои членови на некогавата посада. Колумбо го основал градот „[[Ла Навидад]]“ и оставил таму 39 членови на неговата експедиција.