Разлика помеѓу преработките на „Масакр во Велес“

Додадени 175 бајти ,  пред 8 години
нема опис на уредувањето
 
== Настан ==
На [[15 јануари]] [[1945]] без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на [[НОБ]]. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од [[ОЗНА]] во ослободена [[Македонија]].<ref>''Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15 јануари 1995''.</ref>.
 
Во својата книга ''Мојот татко - Методија Андонов Ченто'', авторот Илија Андонов Ченто, вели дека првиот претседател на [[Президиумот на АСНОМ]] за таа работа дознал случајно и дека злосторствата започнале откако на на крајот на 1944 година, во [[Скопје]], како гостин на Второто заседание на [[АСНОМ]] присуствувал [[Едвард Кардељ]].<ref>Андонов, Илија - Ченто, ''Мојот„Мојот татко - Методија Андонов Ченто''Ченто“, Скопје 1999, ISBN:9989-878-89-9</ref>
 
Според бугарскиот историчар [[Коста Црнушанов]] затворениците се убиени, затоа зошто биле [[Македонци]] со [[Бугари|бугарско национално чуство]]. Според овој бугарски историчар помеѓу жртвите имало припадници на [[ММТРО]] на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на [[Иван Михајлов]], еден поранешен бугарски учител и други. <ref>Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992 г.</ref> Според овој историчар за масакрот биле одговорни [[Ратко Петровски]] (помошник-началник на [[ОЗНА]]), [[Боро Коробар]] и [[Киро Попадиче]] (командант на Велес), што е во согласност со претходно изнесеното мислење.
 
== Наводи ==
== Надворешни врски ==
* [http://kubura.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=857:-15-1945-&catid=9:2008-09-05-14-13-15&Itemid=8 Велешкиот масакр од 15 јануари 1945 година] - Целосна историја на настанот од „Кубура“
* [http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2962&stID=71262 „За "велешкиот случај" правдата ќе се бара во Стразбур“], „Дневник“
 
{{МакМасакр}}
{{Македонија во Втората светска војна}}
 
[[Категорија:Масакри врз Македонци]]
[[Категорија:Историја на Велес]]
6.051

уредување