Метју Арнолд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Morel (разговор | придонеси)
с Додадете слика од http://toolserver.org/~emijrp/imagesforbio/
сНема опис на уредувањето
Ред 52:
Неговата литературна кариера – изоставајќи ги неговите две наградни песни – започна во 1849 година со издавањето на ''Залутаниот мечтател и други песни'', што привлече малку внимание – иако во неа беше можеби најчистата поетска песна на Арнолд „Заборавениот тритон“ – но наскоро беше повлечена. ''Емпедокле на Етна и други песни'' (меѓу нив „Тристрам и Изолт“) објавена во 1852 година, имаше слична судбина. Во 1858 година тој ја објави својата трагедија ''Меропе'', што, како што му пиша тој на еден пријател, повеќе беше наменето, „да го инаугурира моето професорско место со достоинство отколку длабоко да го трогне човечкиот род“ и претежно забележително поради некои експерименти во необични – и неуспешни – метри.
 
Неговата песна „Плажата„Доверската во Довер“плажа“ од 1867 година прикажува кошмарен свет од кој исчезнале старите религиозни вредности. Таа понекогаш се смета за еден од првите, дури и прв пример на модерен сензибилитет. Во познатиот предговор на избор песни од Вилијам Вордсворт, Арнолд се идентификува себеси, малку иронично, како „човек на Вордсворт“. Очигледно е влијанието на Вордсворт во најдобрата поезија на Арнолд и во идеите и во дикцијата. Песната на Арнолд „Плажата„Доверската во Довер“плажа“ се појавува во Фаренхајт 451 на Реј Бредбери, а исто така се спомнува како значајна во ''Сабота'' од Ијан Мекеван. Таа исто така беше цитирана или спомната во голем број други контексти (види,вид. „Плажата воДоверската Довер“плажа“).
 
Некои сметаат дека Арнолд е мостот меѓу Романтизмот и Модернизмот. Неговата употреба на симболични пејзажи беше типична за романтичната ера, додека неговиот скептичен и песимистичен стил беше типичен за модерната ера. Рационалистичката тенденција на некои негови дела навреди многу читатели и беше доведена во прашање неговата образовна компетентност во обработката на некои теми со кои се бавеше, но несомнено во негово време имаше инспиративно влијание. Неговите дела се карактеризираат со префинетост, висока цел, искреност и мошне препознатлив стил, а поголем дел од неговата поезија имаше деликатна и суптилна убавина, иако постоеја сомнежи дали високата култура и доброто познавање на поезијата не го заземаа понекогаш местото на вистинскиот поетски жар. Хенри Џејмс напиша дека поезијата на Метју Арнолд ќе им се допадне на оние кои „сакаат несекојдневни задоволства“ и кои сакаат да чујат како поетот „зема здив“.
 
Расположението во поезијата на Арнолд тежнее кон жаловно размислување и се воздржува од изразување чувства. Тој сакал поезијата да биде „критика на животот истовремено филозофска. Филозофијата на Арнолд е дека вистинската среќа доаѓа од внатре и дека луѓето треба да го бараат доброто во нив, а да бидат резигнирани при прифаќање на надворешни работи и да го избегнуваат бесцелниот метеж во светот. Меѓутоа, тој смета дека не треба да живееме со уверување дека еден ден ќе ни следува вечен благослов. Ако не сме среќни на Земјата, треба да ги промениме нашите желби наместо да мечтаеме за нешто што никогаш нема да ни се оствари. Оваа филозофија е јасно изразена во „Плажата„Доверската во Довер“плажа“ и во следниве стихови од „Строфи од Гранд Шартрез“
 
Лунѕајќи меѓу два света, еден мртов, друг да се роди немоќен, нема место каде глава да потпрам, освен на Земјата на која чекам загубен.
Ред 66:
==Проза==
Проценувајќи ја важноста на прозните дела на Арнолд во 1988, Стефан Колини изјавува „од причини што имаат врска со нашите сопствени културни преокупации како и со заслугите на неговите дела, најдобриот дел од неговата проза влијае на нас денес, што не може да се спореди со неговата поезија.“ Секако, сė уште може да има некои читатели кои слабо ја паметат „Плажата„Доверската во Довер“плажа“ или „Учениот Циганин“ од училишните антологии, но се изненадени кога ќе дознаат дека тој исто така пишувал и проза.
 
Џорџ Вотсон го следи Џорџ Сентсбери при поделбата на кариерата на Арнолд како прозен писател во три фази: 1) рана книжевна критика што започнува со предговорот на изданието на неговите песни во 1853 година и завршува со првата серија на ''Критички есеи'' (1865); 2) продолжен среден период (се преклопуваат првите и третите фази), поезија карактеризирана со социјални, политички и религиозни дела (околу 1860-1875 година), враќање на книжевната критика со избор и редактирање на збирка поезија од Вордсворт и Бајрон и втора серија ''Критички есеи''. Ватсон и Сентсбери тврдат дека повеќе ја претпочитаат книжевната критика на Арнолд отколку неговата социјална или религиозна критика. Понови писатели, како Колини, покажаа поголем интерес за неговите социјални текстови, додека во текот на годините значителна метакритика се фокусираше на религиозните текстови на Арнолд. Тој не вклучува посебни напори да ги оддели неговите текстови за образованието од социјалните текстови.
Ред 94:
Меѓутоа, тој во истата книга исто така напишал, „да се премине од христијанство што се потпира на своите чуда на христијанство што се потпира на природната вистина е голема промена. Тоа може да го сторат само оние чија приврзаност кон христијанството е таква што тие не можат да се разделат од него и не можат ништо друго освен искрено да се справат со него.“
 
[[Категорија:англискиАнглиски поети]]